Од исклучителна важност е членството во НАТО

Скопје, 5 април 2012 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска ја прими делегацијата од Конгресот на САД, која престојува во посета на Република Македонија, а во чиј состав се Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим МекДермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли.

Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата истакна дека посетата на конгресмените е од особено значење бидејќи е во исклучително важен период за Република Македонија и нејзините стратешки цели. 

Членовите на Конгресот ја реафирмираа целосната поддршка за евроатлантската интеграција на Република Македонија, и подготвеноста за натамошно продлабочување на партнерските односи и соработката со Конгресот, особено преку програмата House Democracy Partnership (HDP). Искажувајќи благодарност за учеството на Република Македонија во мировните мисии, беше нагласено дека од исклучителна важност е интеграцијата на Република Македонија во НАТО, која ќе значи позитивен импулс за целиот регион, натамошна стабилизација на односите и ширење на зоната на стабилност и безбедност.

Шефот на државата ги запозна конгресмените со актуелните состојби во Република Македонија, со напорите за промена на статус-кво состојбите во поглед на  евроатлантските интеграции, како и со очекувањата за претстојниот период. Претседателот се заблагодари за континуираната поддршка и за стратешкото партнерство со САД кое не е само формално, туку суштинско, поврзано со вредности и идеи, идентични визии и партнерски односи.

Писмото кое 54 членови на Конгресот го упатија до американскиот претседател Барак Обама, е само потврда на пријателството меѓу двете земји, и чин што граѓаните на Република Македонија високо го ценат.

Членовите на Конгресот беа запознаени со пресудата од Меѓународниот суд на правдата која дава кредибилитет и претставува потврда на исправната политика на Република Македонија. Во пресрет на претстојниот Самит во Чикаго, претседателот  изрази надеж дека по пресудата, земјите - членки ќе ги преиспитаат нивните позиции во однос на Македонија, односно дека ќе биде преиспитан заклучокот од Букурешт.

На средбата со конгресмените стана збор и за билатералниот спор за името наметнат од јужниот сосед и притоа претседателот Иванов го потврди ставот дека Македонија останува  со конструктивен пристап, посветена на процесот за што поскоро изнаоѓање на заемно прифатливо решение за името, за што е неопходно почитување на рамката во која се водат разговорите, добра волја и одговорен пристап и од Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...