Ги поддржуваме напорите на Македонија за влез во НАТО

Скопје, 6 април 2012 (МИА) – Делегацијата американски конгресмени, кои денеска беа во посета на Општина Гази Баба и на пратеничките канцеларии отворени во локалната самоуправа, уште еднаш повторија дека ја поддржуваат интеграцијата на Република Македонија во НАТО.   

- Не сме тука да разговараме за НАТО туку за интеракцијата со колегите тука. Сите членови на нашата делегација од американскиот конгрес силно ја подржуваат Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ. Како што рече премиерот Никола Груевски вчера, има мали шанси Македонија да ја добие поканата за членство во Чикаго, но ние го подржуваме овој напор затоа што ја подржуваме и идејата Република Македонија да стане членка на Алијансата, изјави конгресменот Ричард  Драјер.

По дводневните активности во македонскиот Парламент, Драјер истакна дека силно веруваат во зајакнувањето на Собранието, а дел од тоа е комуникацијата со избирачите.

- Таа интеракција меѓу избирачите и избраните лидери е важен дел од презентирањето на демократијата. Локалната власт и градоначалникот се важни. Затоа сум горд што конгресменот Џими Конели е со нас бидејќи тој имаше важна функција во локалната власт во предградие на Вашингтон претседаваше со одбор на супервизори во Ферфакс претставувајќи над милион луѓе, рече Драјер.

Системот на пратенички канцеларии во земјата, како што истакна, пратеникот Александар Спасеновски беше воспоставен како резултат на ангажманот на американската држава преку Американската амбасада и соодветните меѓународни организации.

- Во меѓувреме јас и други македонски пратеници имавме прилика освен ова да заминеме во САД и да видиме како конгресмените членови на тамошната законодавна власт ги организираат своите активности во врска со граѓаните. Денеска конгресмените се во Општина Гази Баба или во една од канцелариите на пратеници во Собранието на Република Македонија и имаат прилика да видат како оној систем кој што пред повеќе години беше воспоставен функционира денеска. Република Македонија со оглед на нејзиниот карактер, интеграцијата во Европската Унија, во НАТО, и во овој дел направи определени пробиви и се надевам дека овој систем на контакти помеѓу избраните претставници на различните нивоа на власта и граѓаните со помош на нашите меѓународни пријатели уште повеќе ќе се развива, рече пратеникот Спасеновски.

Претходно денеска делегацијата американски конгресмени беше примена од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а имаат и работилница со координаторите на опозициските партии во Парламентот. Во состав на делегацијата од Американскиот конгрес се Дејвид Драер, Дејвид Прајс, Џим МекДермот, Ерик Паусен и Гери Коноли. Тие вчера беа примени од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски, а во Собранието на Република Македонија имаа средба со членовите на управувачкиот совет на Парламентарниот институт. Со македонските пратеници одржаа и работилница за надзорот како одговорност на Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...