Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се вброи во листата на 16 најдобри факултети во светот по меѓународно арбитражно решавање на трговски спорови.

По одржаниот натпревар по меѓународно арбитражно право “Willem C. Vis International Commercial Arbitration”, кој по 19 пат се одржа во Виена (Австрија), во конкуренција на 285 универзитети од целиот свет, кои успешно ја имаа завршено писмената фаза од натпреварот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ со остварените резултати на усните рочишта со најпрестижните универзитети Queen Mary (од Велика Британија), Bocconi (од Италија), Helsinki University (од Финска), Florida Coastal School of Law (од САД) и победите над универзитите, Sydney University (Австралија) и Duke (Северна Каролина, САД) го освои деветото место и со тоа стана највисоко рангиран правен факулет за меѓународно арбитражно решавање на спорови на Балканскиот регион.
Професори-тренери на екипата беа професорите Тони Дескоски и Татјана Зороска – Камиловска, а студентската екипа ја сочинуваа Ана Пепељугоска и Татјана Стојкова, студенти на Втор циклус на студии на Правниот факултет.
Вака остварениот успех претставува верификација на квалитетот на знаењето кое го кумулираат студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје.