Сомнителниот „Опел омега“ бил на местото на злосторството

Скопје, 16 април 2012 (МИА)  - МВР потврди дека автомобилот марка „Опел омега“ со темноцрвена боја пронајден на 10 километри од местото на настанот бил користен, односно бил на местото на извршување на кривичното дело кај скопското село Смиљковци. 

- Возилото за кое информирав вчера се потврди дека е користено, односно било на местото на извршување на кривичното дело. Многу е веројатно да било користено во контекст на извршеното кривично дело. Треба детално да се изанализира, постојат хемиски процеси за кои е потребно време. Возилото е донесено во Република Македонија од странство и е со скопски таблички од друго возило. Тоа не е регистрирано веќе некое време во Македонија, што сугерира дека не било во редовен сообраќај, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Таа покажувајќи им ги на медиумите сликите од возилото, упати апел до граѓаните доколку некој го видел возилото во периодот кој му претходеше на убиството да ги сподели информациите со полицијата и да даде дополнителна информација.

МВР, посочи Јакулоска, не познава ваков случај, досега не сме имале толку тешко  кривично дело извршено во вакви околности и на ваков начин, односно случај кој бил толку комплициран и сложен да биде разрешен.

- Наша констатација е дека истрагата оди во добра насока, еден помал дел од податоците кои веќе ги имаме се обработени, а за целосна нивна обработка се потребни уште неколку дена за да може да излеземе со поконкретни информации, нагласи Јанкулоска.

Таа им се заблагодари на граѓаните кои, како што рече, и натаму продлжуваат да се јавуваат на телефонската линија 199 бидејќи оние информации кои ги добиваат од тој телефон се потврдува дека се информации кои се од големо значење за истрагата.

- Оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи кој работи исклучиво на расчистување на петкратното грозоморно убиство со несмален интензитет продолжува да функционира се до расчистување, односно откривање на сторителите на ова кривично дело. Активностите продолжуваат и на терен, меѓутоа продолжуваат и во поглед на анализа на податоците до кои дојдовме, истакна Јанкулоска.

Таа рече дека во текот на вчерашниот ден имало неколку јавни собирања заради изразување на револт по однос на грозоморниот настан, меѓутоа посериозни нарушувања на јавниот ред и мир не се регистрирани. 

- Продуктивно е доколку граѓаните ако чувствуваат потреба да изразат револт и протест, нешто што е сосема легитимно во една ваква ситуација да го направат тоа мирно за да можеме најголем дел од силите кои ни стојат на располагање, а кои се ставени во функција на расчистување на петкратното убиство да ги користиме за истрагата, наместо да ги лоцираме на други настани и локации, потенцира Јанкулоска.

Информираше дека имаат неколку најави за јавни собирање, а една и за собирање попладнево.

- Од социјалните мрежи имаме информација за евентуално собирање пред Соборниот храм. Ги следиме состојбите, ги следиме сите информации. Апелираме до граѓаните доколку одлучат да дадат поддршка на некои од овие јавни собирања тоа да го прават мирно бидејќи секој полициски службеник ние драгоцен и е многу покорисен доколку работи на расчистување на кривичното дело наспроти обезбедување на било кој настан, рече Јанкулоска.

Апелирам, укажа таа, до сите медиуми да се воздржат од шпекулации бидејќи не е исклучена можноста дека во овој период доколку истрагата се уште трае ќе има секакви шпекулации кои не секогаш се добро намерни и ќе има секакви провокации за изнесување на детаљи во јавноста кои во крајна линија може да одат единствено на штета на истрагата.

- Сакам да се обратам до сите вас за дополнително трпение бидејќи сите информации кои сметаме дека може да ги споделиме со јавноста ќе ви бидат ставени на увид. Тоа се информации кои не би требало да и наштетат на истрагата, и за кои ни треба потврда или помош од граѓаните и од медиумите за да можеме побрзо да го расчистиме ова најтешко кривично дело. Има информации кои во оваа фаза на истрагата доколку ги презентираме може да направат само штета, додаде Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...