Заедничка изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД за пекратното убиство кај Смиљковци

Повик за воздржаност и смиреност

Скопје, 18 април 2012 (МИА) - Шефовите на мисиите на Европската унија, НАТО, ОБСЕ и на САД во Македонија денеска заеднички го осудија убиството што се случи во близина на село Смиљковци и изразија сочувство до семејствата на жртвите.

- Знаеме дека властите го испитуваат овој криминален акт и го бараат сторителот или сторителите. Ние ги поддржуваме напорите на Владата во спроведување истрагата и правните процедури во најбрз можен рок и ја охрабруваме соработката на јавноста при собирањето на сите достапни информации за овие убиства, стои во заедничката писмена изјава.

Европската унија, НАТО, ОБСЕ и САД ги повикуваат сите граѓани да останат смирени, да се воздржат од шпекулации или неосновани тврдења, како и да покажат трпение во врска со спроведувањето на истражниот процес.

- Кога граѓаните се вклучуваат во насилство или се обидуваат да го земат законот во свои раце, тоа само ја оддалечува полицијата од истрагата и го отежнува пронаоѓањето на убијците и нивното соочување со правдата, се подвлекува во заедничката изјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...