МВР ќе ги најде сторителите на петкратното убиство

Скопје, 19 април 2012 (МИА) - МВР со целиот свој капацитет деноноќно работи на расветлување на петкратното убиство. На вчерашната средба со одговорните лица кои работат на овој случај никогаш досега не сум видел таква висока мотивираност за што побрзо да се пронајде сторителот и да се изнесе пред правдата, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

- Длабоко верувам дека овие луѓе ќе успеат да ги најдат сторителите и да ги изведат пред правдата, рече Груевски.

На прашањето на координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски дали ќе ја смени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по овој случај премиерот Груевски, изразувајќи уште еднаш сочувство до семејствата на петмината убиени, нагласи дека нема да побара смена на Јанкулоска и сегашната структура во МВР и оти нема да се  дозволи да се вратат, како што рече, времињата кога цутеше криминалот во Македонија.

- Тоа е структура што покажа многукратно посилни резултати од која било досегашна структура во МВР. Тоа е структура која во историјата на независна Македонија ги направи најсилните акции во борбата против криминалот и корупцијата. Не велам дека нема слабости и пропусти и сигурно може и подобро и повеќе, но тоа е структура која покажа како треба да се води борбата против криминалот и корупцијата и по закон и по волја и со целосна посветеност, рече Груевски.

Искажаните констатации од говорницата од страна на Ивановски, оцени тој, укажува дека политичкиот конкурент СДСМ се обидува да извлече максимум политички поени на грбот на оваа ситуација и на грбот на семејствата и на убиените. Наспроти тоа што го говорат, посочи, јасно покажуваат на дело дека ја злоупотребуваат ситуацијата.

- Едно говорат, друго прават. Но она што де факто се случува е учество на нивни високи функционери во организирани протести по повод овој случај и опструкција на работата на Собранието во време кога се заговара политичка криза, она што де фактот се случува е обид на дискредитација на МВР во период кога целосно се посветени на расветлување на овој грозоморен чин, нагласи премиерот. 

Според Груевски, оваа структува на МВР со сите нејзини слабости и пропусти, кои сите луѓе и служби ги имаат, е неспоредливо попрофесионална од службите кога СДСМ беше на власт.

- Можете да наоѓате маани и грешки, но не можете да одрекнете дека професионалноста во МВР е неспоредлива од она што беше во време на СДСМ, рече премиерот, додавајќи оти СДСМ ги критикува акциите со кои се апсат криминалци, како што е „Детонатор“, иако никој не се сеќава, на една акција, кога граѓаните му ја дадоа довербата на СДСМ.

- Немојте да ми кажете дека тогаш немало криминал, но тогаш властите соработуваа со криминалот, а не сакаа да започнат истрага и да се судрат со криминалците. И во еден таков контекст, смешна е ситуацијата кога слушаме дека МВР го критикувате за тоа оти разби криминална банда и ја изнесе пред судот. Во целата таа работа слушнавме дека тоа било внатрепартиска пресметка, се додека не излезе фотографија на која претседателот на вашата партија е во пријатно дружење со луѓето кои се на чело на оваа криминална банда, рече премиерот Груевски.

Тој подвлече дека е добро кога опозицијата ја критикува власта и на тој начин врши притисок да се подобри работата на Владата и на самите институции. Меѓутоа, лошо е, посочи Груевски, кога ќе се спореди што било претходно направено во долгогодишното владеење на СДСМ.

- Мене тоа ми личи како еден добар политички автогол. Зборувате за колапс на безбедносниот систем, но не знам дали зборувате кога Кондово и Скопје ги држевте во заложништво три месеци. Кога целиот регион зборуваше дека Скопје е под закана....тоа е распад на безбедносниот систем, а не ова што е денеска кога криминалците се изнесуваат пред лицето на правдата, одговори премиерот на прашањето на Ивановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...