ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со заедничка декларација

за членство на Македонија во НАТО

Скопје, 24 април 2012 (МИА) - Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска до Собранието и до сите пратенички групи доставија Предлог-декларација за реафирмирање на реализацијата на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева.

Во Предлог-декларацијата, меѓу другото, се наведува дека интеграцијата на земјата во НАТО треба да биде главната политичка определба, интенција, цел и заслуга на сите политички партии, општествени чинители и граѓани кои со своето делување влијаат врз динамиката и квалитетот на реализацијата на овој процес, и споделуваат обврска за придонес. Се повикува на почитување на принципите на отворени врати на НАТО врз кои се темели Алијансата и исто така се посочува дека земјата ги има исполнето сите критериуми и услови за членство во НАТО. Македонија останува посветена на континуирани реформи и поддршка на мировните операции за обезбедување на светскиот мир и демократијата.

Во Предлог-декларацијата се апелира на почитување на легитмитетот и легалитетот на Организацијата на Обединети нации и телата кои се формирани од Светската организација, почитување на меѓународното право и неговите норми и се бара да се уважи пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и препораките од таа пресуда кои се во функција на објективно отсликување на состојбите кои имаат влијание на евроатлантската интеграција на Република Македонија и во функција на постигнување на напредок на овој пат и соработка со соседите.

Се акцентира дека одржувањето на добрососедски односи се од витално значење и суштинска важност за обезбедување развој на регионот.

- Наша заложба е постојано унапредување на меѓусебната соработка со соседите во функција и во интерес на граѓаните, се наведува во Предлог-текстот.

Во натамошниот дел се укажува на значењето регионот да биде во фокусот на проширувањето на НАТО и се бара поддршка од земјите-членки на претстојниот Самит во Чикаго за покана на Република Македонија за членство во НАТО и започнување на пристапните преговори со ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...