Каде ќе освежува „Новиот бран“

Скопје, 24 април 2012 (МИА) - Најмалку 10 раководни лица на институции на централно ниво ќе бидат сменети со „Новиот бран“ и ќе бидат заменети со нов кадар, велат за МИА високи функционери во владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Иако не откриваат во кои институции, согласно со законот, во рамките на оваа категорија спаѓаат државни агенции претпријатија, установи и тн...

Исто така, пет раководни лица на институции на централно ниво се под продолжен мониторинг.

Ќе бидат сменети и раководни лица кои раководат со институции на локално ниво или пак со подрачни единици или сектори од државно ниво. Во Битола осум лица ќе бидат сменети, а шест се под мониторинг. Во Охрид ќе бидат сменети седум, а тројца под моинторинг, во Струмица 10 лица ќе бидат сменети, а тројца се под мониторинг, во Прилеп ќе бидат сменети пет, а двајца ќе бидат под мониторинг.

Во однос на најавата за промена на две третини од општинските комитети на партијата, на ниво на сите општински комитети во Скопје, или веќе е избран или во тек е постапка за избор на нов претседател.

Постапка за избор на нов претседател, меѓу другите, е во тек и во Битола, Прилеп и Велес, а во Штип е избран нов претседател пред четири дена.

Во однос на новите кадри кои ќе ги пополнат испразнетите околу 150 позиции, ќе се почитуваат законските норми и процедури (конкурс, тестови, интервјуа...), а за некои од нив ќе има и дополнителен филтер од стручни комисии составени од експерти и професионалци кои ќе дадат дополнителна оценка за квалитетот и перформансите на кадрите кои конкурираат согласно законите.

„Новиот бран“ што го спроведува Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководството, како што истакнуваат во партијата, наидува на масовна поддршка и позитивни реакции меѓу граѓаните и експертите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...