Декларацијата за членство на Македонија во НАТО пред пратениците

Скопје, 25 април 2012 (МИА) - Републичкото Собрание денеска во рамки на  29. седница   почна расправа за Предлог-декларацијата за реафирмирање на реализацијата на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО. 

Декларацијата, која нe ja потпишаа пратениците од ДПА, вчера до Собранието и до сите пратенички групи ја доставија  ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Според декларацијата,  што ја презентира Силвана Бонева, координатор на пратеничката група  на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се наведува дека интеграцијата на земјата во НАТО треба да биде главната политичка определба, интенција, цел и заслуга на сите политички партии, општествени чинители и граѓани кои со своето делување влијаат врз динамиката и квалитетот на реализацијата на овој процес, и споделуваат обврска за придонес. Се повикува на почитување на принципите на отворени врати на НАТО врз кои се темели Алијансата и исто така се посочува дека земјата ги има исполнето сите критериуми и услови за членство во НАТО. Македонија останува посветена на континуирани реформи и поддршка на мировните операции за обезбедување на светскиот мир и демократијата.

Во декларацијата се апелира на почитување на легитимитетот и легалитетот на Организацијата на Обединети нации и телата кои се формирани од Светската организација, почитување на меѓународното право и неговите норми и се бара да се уважи пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и препораките од таа пресуда кои се во функција на објективно отсликување на состојбите кои имаат влијание на евроатлантската интеграција на Република Македонија и во функција на постигнување на напредок на овој пат и соработка со соседите.

Се акцентира дека одржувањето добрососедски односи се од витално значење и суштинска важност за обезбедување развој на регионот.

- Наша заложба е постојано унапредување на меѓусебната соработка со соседите во функција и во интерес на граѓаните. Со ова реафирмираме дека сме посветени и сериозно заинтересирани за изнаоѓање решение за спорот со името под покровителство на ООН, решение кое нема да биде на штета на никого, се наведува во текстот на декларацијата.

Во натамошниот дел се укажува на значењето регионот да биде во фокусот на проширувањето на НАТО и се бара поддршка од земјите-членки на претстојниот Самит во Чикаго за покана на Република Македонија за членство во НАТО и почнување пристапни преговори со ЕУ.

Имер Алиу од ДПА  образложи дека не ставиле потпис на декларацијата затоа што нејзиното носење го сметаат за „празна демагогија“. - Не знам каде се гледа оправданоста за оваа декларација кога се знае јасно дека услов за членството е Македонија да го смени името, рече Алиу и посочувајќи дека  со декларацијата се прави обид да се покрие неспособноста за наоѓање решение за името.

Бонева во контрареплика посочи дека декларацијата не е празна демагогија за барање членство во НАТО. Земена е  предвид, наведе, спогодбата од 1995 година со која Грција се обврзува дека нема да ја попречува Македонија во нејзините евроатлански интеграци, како и пресудата на Меѓународниот суд во Хаг.

Пратеникот од СДСМ Андреј Петров изрази жалење што на седницата не присуствуваат претседателот и премиерот. Образложувајќи ја поддршката на декларацијата истакна дека за СДСМ највисок приоритет се евроатланските интеграции на Македонија. Доколку владејачкото мнозинство смета дека со оваа декларација, на Владата ќе и се олесни работата за членство на Македонија во НАТО на мајскиот Самит во Чикаго, безрезервно ќе ја поддржиме, изјави Петров во Собранието.

Имајќи предвид, додаде, дека целокупната надворешна политика и процесот на интеграции на земјата е осмислен и предводен од Владата, очигледна е нивната проценка дека оваа декларација е клучна за членството на Македонија во НАТО. Заклучуваме дека власта има план како да ја внесе Македонија во НАТО на претстојниот Самит во Чикаго. Затоа ја поддржуваме декларацијата и очекуваме резултати, рече Петров.

За остварување на стратешката определба за членство во НАТО оцени дека  е потребен фокус на македонските НАТО пријатели и сојузници.

- Дисперзираниот обид на некаква дипломатија на Македонија не може да и донесе успех. Пристапот мора  да биде фокусиран кај клучните членки на НАТО и стратешки партнери, наведе Петров и оцени дека НАТО за Македонија ќе значи безбедносен чадор и подобар стандард и повеќе инвестиции. 

Тито Петковски од НСДП наведе дека ја поддржуваат декларацијата  поради тоа што со неа се реафирмира определбата за членство во НАТО. Но, забележа, таа не е патот што води кон НАТО.  Патот го знаеме сите во државата, но за да се трасира  треба и храброст и мудрост и срце. Треба да се жртвува нешто па макар и од  рејтингот на политичарите кои раководат сега со државата, оцени Петковски.

Времето, нагласи, не е наш сојузник и може да се одрази лошо на стабилноста на државата. Побара во спорот за името да се утврди црвената линија, или пак државниот врв  да понуди алтернатива за државата.

Според Лилјана Поповска од ДОМ, значајно е што декларацијата се носи со огромни мнозинство. Очекува Самитот на НАТО да донесе позитивна промена. Со блокираното членство во НАТО Македонија трпи голема неправда и  економски и политички штети. Историската победа на Македонија во Хаг и дава надеж дека меѓународната заедница се враќа на почитување на стандардите и институциите што таа ги воспоставила.

За Сафет Бишевац од Санџачката лига, декларацијата е  политичко- маркетиншки трик.   

На дневен ред на 29. седница се и повеќе предлог одлуки, меѓу кои,  за нови членови на Уставниот суд  и на Советот за јавните обвинители,  кои вчера добија согласност од мнозинството во Комисијата за избори и именувања.  

При гласањето на дневниот ред  не беше прифатен предлогот на Ивон Величковски од ЛП за повлекување на Предлог законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (прво читање).  Воедно во процедурална реакција Весна Бендевска  од СДСМ  упати забелешки до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски зошто не ги ставил предлог законите од СДСМ на дневен ред на денешната седница. Вељаноски со тоа ги бојкотирал интересите на сите граѓани затоа што законите ќе понуделе подобар живот за граѓаните, и покажал оти е партиски послушник, смета Бендевска, образложувајќи дека таквото однесување на Вељаноски е причина за бојкотот на СДСМ на собраниските координации.

Вељаноски во одговор на нејзините тврдења информира дека за 16 следниот месец закажал седница со точки на дневен ред од опозициските партии.  Истакна дека никогаш не работел под диктат и уцени, туку секогаш согласно Деловникот. Така ќе продолжам, а вие продолжете натаму со вашето темпо на работа. Ако сте незадоволни за седницата што ја закажав за 16 мај тогаш грешката е кај вас, наведе Вељаноски.

Тој изрази надеж дека пратениците од СДСМ и НСДП ќе се вратат на собраниските координации и порача дека таквата  пракса во минатото не се покажала корисна ниту за власта, ниту за опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...