„Новиот бран“ продолжува...

Скопје, 25 април 2012 (МИА) - Во рамките на промените на дел од актуелните кадри кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ на локално и на државно ниво, за МИА од партијата потврдуваат и за некои конкретни имиња. Никола Димитровски се повлекува од функцијата директор на Агенцијата за железнички сообраќај, Наташа Волканова поднела оставка на функцијата директор на Агенцијата за државни патишта, а Чедомир Краљевски се повлекува од функцијата претседател на Антимонополската управа и во иднина останува само член на Управата.

Од ВМРО-ДПМНЕ напоменуваат дека во партијата го ценат тоа што наведените лица го вложиле нивниот максимум во остварувањето на работните задачи и поставените цели, како и во реализацијата на програмата. Исто така го почитуваат нивното досегашно залагање и нивниот придонес во вкупните реформски процеси. Посебно го издвојуваат ангажманот на досегашниот директор на Агенцијата за државни патишта Наташа Волкановска, бидејќи под нејзино раководство се реализирани крупни проекти, над 200 локални и регионални патишта, како и нејзиниот придонес при изградбата на автопатот од Табановце до Куманово.

Од позицијата генерален директор на АД ЕЛЕМ се повлекува Влатко Чингоски и според нашите сознанија ќе биде идниот амбасадор на Република Македонија во Јапонија, каде што Чингоски има поминато дел од животот до 1999 година и каде има докторирано. Инаку Чингоски одлично го знае јапонскиот јазик и има контакти и комуникации со релативно значајни личности од јавниот и политичкиот живот на Јапонија. И оваа вест ја потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ со напомена дека високо го ценат неговиот ангажман и придонесот на досегашната функција како што се модернизацијата на блоковите во РЕК Битола и големиот ангажман околу привршувањето на ХЕЦ Света Петка.

Инаку „Новиот бран“ продолжува на територијата на целата држава со промена на локални и државни функционери, како и освежување во партиската структура на ВМРО-ДПМНЕ. Така, од Гостивар тројца функционери ќе бидат сменети, а двајца остануваат под продолжен мониторинг. Од Карпош тројца ќе бидат променети, двајца остануваат под мониторинг. Од Берово ќе бидат променети четворица, а двајца мониторирани. Од Бутел петмина ќе бидат променети, а еден мониториран. Од Валандово ќе бидат променети тројца, а двајца моноторирани.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека граѓаните покажуваат посебно внимание и поддршка и пројавуваат сериозен интерес за можностите за конкурирање за пополнување на 150-те позиции кои ќе бидат зафатени со „Новиот бран“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...