„Новиот бран“ зема поголем замав

Скопје, 27 април 2012 (МИА) - Досегашниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности поднел оставка и се повлекува од таа раководна функција, потврдуваат за МИА извори во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Георгиевски постигнал крупни резултати во досегашната работа и Катастарот, од запоставена и инертна, го трансформирал во модерна институција која е синоним за ефикасност во сервисирањето на потребите на граѓаните. Под раководство на Георгиевски е воведен електронски Катастар, решени се околу 30.000 заостанати предмети, рокот за решавање на новодостасаните предмети е скусен од месеци на денови, а со електронска евиденција е покриена 99 проценти од територијата на Република Македонија. Се очекува Георгиевски да ротира на нова државна позиција еднакво или можеби дури и позначајна од онаа која ја напушта и да продолжи со сериозниот придонес кон реформите и реализацијата на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, од партијата истакнуваат дека „новиот бран“ продолжува „да освежува“ низ цела Македонија. Така, во Кочани пет функционери се повлекуваат од позициите, меѓу кои се споменува директорот на Здравствениот дом Ванчо Коцев, а четворица се под продолжен мониторинг. Во Демир Капија четворица функционери се повлекуваат од функциите, додека за две партиското раководство ќе одлучува во септември.

Десет лица од Кисела Вода не одговориле соодветно на принципите на отвореност или интензивно спроведување на Програмата и ќе бидат повлечени, а четворица остануваат под мониторинг. По еден функционер од Тетово, Центар и Дојран заминуваат од функциите, додека по три во трите општини остануваат под мониторинг до септември. Во Крива Паланка две раководни лица се сменети, а уште двајца се под продолжена лупа на партијата.

Промени ќе има и на Клиниката за гинекологија каде што Саша Јовчевски си оди од директорското место, а исто така и досегашниот директор Ирфан Максудов ја напушта раководната функција во Струмичката болница.

Министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Здравствениот дом во Радовиш потврди дека со „новиот бран“ ќе бидат сменети директорите на Клиниката за гинекологија во Скопје, како и на здравствените домови во Кочани и во Струмица.

- Тоа се луѓе кои дале исклучителен придонес во институциите во кои работеле. Очекувам дека тие ќе бидат вклучени и на други нивоа во здравството бидејќи, сепак, тоа се  луѓе кои се вградиле во системот и можат да дадат придонес за развојот на здравството, рече Тодоров.

Од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи ги информациите, велат дека ја почитуваат работата и досегашниот придонес на здравствените работници и дека соработката со нив ќе ја продолжат на други нивоа. Очекуваат новите лица кои ќе дојдат на раководните позиции да продолжат со реформите за модернизација на јавното здравство, односно до зголемување на квалитетот на услугите за граѓаните на Република Македонија.

Министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Здравствениот дом во Радовиш најави дека новиот бран ќе ги зафати раководните функции во здравствените домови и во болниците.

Тој посочи дека со новиот бран ќе бидат сменети тројца директори - на Клиниката за гинекологија во Скопје, на Здравствениот дом во Кочани и на Здравствениот дом во Струмица.

- Тоа се луѓе кои дале исклучителен придонес во институциите во кои работеле. Очекувам дека тие ќе бидат вклучени и на други нивоа во здравството бидејќи, сепак, тоа се  луѓе кои се вградиле во системот и имаат да дадат придонес за развојот на здравството, рече Тодоров.

Тој истакна дека изутрината вработен од неговиот Кабинет во Министерството за здравство ги доставил доказите за веледрогериите кои што картонски се здружувале односно ги фиксирале цените на лековите.

Тодоров не ги открива се уште имињата на веледрогериите кои учествувале во ваквите тендерски постапки, а чии докази се доставени до Комисијата за заштита на конкуренцијата. Откри детали дека станува збор за две тендерски постапки во кои се инволвирани вкупно пет веледрогерии од кои три во една тендерска постапка, а две во другата тендерска постапка.

Министерот за здравство рече дека покрај копиите од пликоата од понудите на фармацевтските компании дека во исто време ги поднеле пликоата односно понудите со истата цена на лекот, а помеѓу доказите е и изјава на лице кое било вклучено во тендерските постапки  односно на архиварот кој ги примал понудите од веледрогериите за една тендерска постапка.

Тој изрази задоволство од работењето на Здравствен дом во Радовиш и најави вработување на двајца лекари од кои едниот во Итната медицинска помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...