1 Мај - Меѓународниот ден на трудот

Скопје, 1 мај 2012 (МИА) - Македонија го одбележува 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) празникот го одбележа вчера со организирање конференција посветена на мобингот и последиците од него. Интересите годинава на ССМ се насочени кон заштитата на човековото достоинство со донесување закон за заштита од мобинг.

Да ги здружиме своите сили и заеднички да креираме економско-социјална политика која ќе обезбеди подобар живот и повисок стандард на работниците, наведува Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) во прогласот што го објавува по повод празникот на трудот - 1 Мај.

Конфедерцијата на слободни синдикати преку проглас во име на сите работници во Македонија упатен до Владата и до Организациите на работодавачи побара подобрување на работничките права и укажа дека сите треба да се погрижат за создадавање пристојни, одржливи работни места и да се заложат за правата на луѓето на работа. Бара и да се создаде широк спектар итни акции за отворање нови работни места, особено фокусирајќи се врз невработеноста кај младите.

По повод Меѓународниот ден на трудот денеска првомајски марш најавија Конфедерацијата на синдикални организации во Македонија и НСДП.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во Македонија до 2006 година тој се празнуваше на 1 и 2 мај, но од 2007 година се празнува само на 1 мај. Традиционално, македонските граѓани на овој ден одат на излети во природа.

Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници да се одржуваат масовни демонстрации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...