Уапсените пренесени во скопскиот Кривичен суд

Скопје, 2 мај 2012 (МИА) - Уапсените во полициската акција „Монструм“ на Министерството за внатрешни утрово се пренесени во скопскиот Кривичен суд. Се очекува да им биде изречена мерка притвор. 

За сите за кои МВР има докази дека биле дел од масакрот на четирите момчиња и средовечниот маж МВР ќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „тероризам“.

Приведени се 20 лица од Скопје, следбеници на радикалниот ислам, најголем дел од нив се македонски државјани.

Врз основа на материјални докази, од МВР тврдат дека тоа се извршителите на грозоморното убиство на петте недложни граѓани. Меѓу 20-те уапсени, има лица кои се директно инволвирани во убиството кај Смиљковци, појасни Јанкулоска, но и лица за кои нема податоци дека биле на лице место на убиството.

При извршените претреси вчера во 26 објекти, во најголем дел на територија на Градот Скопје, и во активностите во полициската акција „монструм“, во која учествува над 800 припадници на МВР (УБК и БЈБ), пронајдено е поголемо количество оружје, литература која укажува на идеолошката припадност на овие лица и други предмети, кои би можеле да бидат или се користени при извршување кривични дела. Во тек е вештачење дали пронајденото оружје е користено во петкратното убиство.

Според Јанкулоска, главниот мотив најверојатно е нивната идеја за убивање во радикалниот ислам, а целта е да се создаде чувство на страв кај пошироката јавност.

- Мотивот е нивната идеја, убедување, верување и следење на радикалниот ислам кој е опасен за верниците од христијанството, муслиманска вероисповед, но и за оние кои не веруваат во ниту еден религија, рече Јанкулоска, додавајќи оти дел од приведените биле и на боиштата во Авганистан и Пакистан и војувале против војската на НАТО.

Според неа, кога се станува збор за кривично дело „тероризам“ жртвите не секогаш се директно поврзани со извршителите или со мотивот заради кој е направено делото.

- Нашето сомневање е дека токму и во овој случај се работи за едно такво убиство каде жртвите не се директно во никаква конекција со извршителите, меѓутоа позади кривичното дело стои намерата да се создаде чувство на несигурност и страв кај пошироката популација, истакна министерката за внатрешни работи.

По барање на новинарите да даде оценка за безбедносната состојба во Македонија и дали земјава се соочува со опасност од радикален исламизам и други можни терористички напади, Јанкулоска потсети дека Република Македонија е дел од глобалната коалиција за мир, и е земја која според бројот на жители е 5-та по ред по учеството на мировниците од АРМ во мисијата во Авганистан

- Со самото тоа Република Македонија е на страната на земји кои може да бидат потенцијален таргет на радикалните исламисти. Во ниту еден момент не ја потценуваме состојбата и не ја исклучуваме можноста за радикално делување на поединци или групи. Сепак службите на МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Бирото за јавна безбедност, односно сите припадници на Министерството будно ја следат состојбата, превентивно делуваме, делуваме и репресивно заради тоа што цениме дека ништо не смее да го смени начинот на кој ние живееме, а тој начин на кој живееме е во мир и соживот на сите граѓани кои живеат во Македонија, децидна е министерката Јанкулоска, додавајќи оти будно се следи состојбата, нема посериозни промени, меѓутоа, подвлече, тоа не смее да не остави релаксирани затоа што е евидентно оти следбениците на радикалниот ислам се подготвени на најгрозоморните и најбизарните кривични дела и убиства, како што беше и убиството кај Смиљковското езеро.

Во врска со прашањата дали позади оваа група стои некоја поголема терористичка група или делувала по нечија наредба, министерката најави дополнителни информации во периодот што следува, затоа што, истакна, прерано е да се даваат какви било оценки или да се разработуваат сценарија за кои во моментот нема доволно потврдени податоци.

За полициската акција „монструм“, беше информиран и премиерот Никола Груевски, кој беше во МВР.

Јанкулоска им се заблагодари на сите граѓани кои дадоа корисни информации, посебно на сите припадници на МВР кои во изминатиот период деноноќно беа на работа, како и на медиумите кои подвлече, најголемиот дел коректно известуваа за настанот.

Во неколку полициски станици во Скопје синоќа имаше распит на 20 лица приведени во акцијата „монструм“, со кои треба да се утврдат деталите  поврзани со истрагата за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Лицата се приведени во неколку објекти во акцијата спроведена во Арачиново, Шуто Оризари, Чаир и Ченто. Тие во своите први искази  ќе треба да одговорат на прашањата што барало оружјето кое е пронајдено и запленето во нивните домови.  Според извори од МВР станува збор за автоматска пушка, четири пиштоли, бомба, осум куршуми за „црна стрела“, шест куршуми за тромболон, шест рамки за автоматска пушка, десет маскирни униформи, седум тактички елеци, три фантомки и три радио врски. Биле пронајдени и возило, околу десетина илјади евра, компјутери, мобилни телефони и картици.

На 12 април, на Велики четврток, на брегот на езерото кај Смиљковци свирепо беа убиени Кире Тричковски, Александар Наќевски, Филип Славковски и Цветанчо Ацевски на возраст од 18 до 20 години, како и Борче Стефановски (45) од скопското село Црешево. Петмината, според досегашните информации на полицијата, убиени се од автоматско оружје од непосредба близина.

Ден подоцна полицијата на 10 километри од местото на масакрот пронајде автомобил “опел омега“ за кој подоцна се потврди дека бил на местото на убиството и бил користен од убијците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...