Милован Стефановски и Санде Стојчевски добитници на наградите на списанието „Бранувања“

Скопје, 3 мај 2012 (МИА) - Наградата „Крсте Чачански” која здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга ја доделуваат за необјавена  книга раскази за 2012 ја доби писателот Милован Стефановски за „Ѓаволско море”. Наградата „Јован Котески“, пак, за необјавена поетска книга, оваа година ја доби Санде Стојчевски за стихозбирката „Јаз во јазикот“.

Добитникот на наградата „Крсте Чачански“ го избра жири, во состав: Христо Петрески (претседател), Милутин Бебековски и Тоде Илиевски, а за добитникот на „Јован Котески“ реши жирито составено од Трајче Кацаров (претседател), Ристо Ѓ. Јачев и Мерсиха Исмајлоска (членови).

Книгата раскази „Ѓаволско море“ од Милован Стефановски содржи  20 раскази. - Таа претставува привлечна, складна и функционална прозна целина, која се одликува со својата оригиналност на авторскиот јазик и писмо, со селективниот одбир на темите, минуциозниот и продлабочен стил. Авторот се определува за изворниот народен говор, кој станува и негов личен автентичен исказ, создавајќи дело во манирот на магискиот реализам и современиот прозен дискурс, образложува жирито што одлучи за наградата „Крсте Чачански“.

За делото на Стојчевски се наведува дека има специфична лексика и дијалектни зборови. - Тие ја  надополнуваат идејата за креирањето на ова оригинално поетско четиво... Поетскиот дијалог со Блок, Пастернак, Црњански, Нагољева и, секако, Конески преку Котески, го доближува лирскиот до прозниот дискурс со што се создава една мистификација на поетската збирка која уште еднаш, преку својот специфичен сензибилитет, го потврдува поетскиот гениј на Санде Стојчевски, ја образложи својата одлука жири-комисијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...