Традиционална акција „полицијата дава крв“ во скопската касарна „Ѓорче Петров“

Скопје, 8 мај 2012 (МИА) - Денот на полицијата денеска во скопската касарна „Ѓорче Петров“ се одбележа и со традиционална крводарителска акција во рамки на Меморандумот за соработка помеѓу МВР, Црвениот крст на Република Македонија и Јавната установа Институт за трансфузиона медицина.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која присуствуваше на крводарителската акција „полицијата дава крв“, истакна дека припадниците на МВР на друг начин ја покажуваат посветеноста на општеството и помошта која можат да им ја пружат на граѓаните.

- Оние кои денеска даруваа крв се истите тие кои секојдневно се соочуваат со најсериозните ризици и закани и по државата и по граѓаните, меѓутоа и на ваков начин покажуваат дека се секогаш тука кога треба да им се помогне на луѓето, изјави Јанкулоска.

Таа изрази задоволство за тоа што полицијата како институција е еден од најголемите придонесувачи односно најмногу партиципираат во вкупното дарување крв во Република Македонија.

- Бројките од минатата година покажуваат дека имаме само од припадниците на МВР дарувано околу 2.300 единици крв, што само по себе значи дека сме им помогнале на 2.300 луѓе кои биле во неволја на поинаков начин, посочи министерката за внатрешни работи, додавајќи оти покрај тоа што полицијата секогаш е подготвена да делува на терен кога станува збор за безбедносните закани и за борбата против криминалот и корупцијата, со оваа акција се покажува и хуманата димензија на дејствување на полицијата.

Соработката помеѓу Црвениот крст на Република Македонија, констатира генералниот секретар Саит Саити, МВР и Јавната здравствена установа Институт за трансфузиона медицина, оди во нагорна линија.

- Ова е добар пример за добра соработка и за создавање добри хуманитарни практики, изјави Саити.

Примариус д-р Ристо Дуковски, директор на Јавната установа Институт за трансфузиона медицина меѓу другото посочи дека резултатите секоја година се во пораст во однос на дарувани единици, што покажува за големата хуманост на припадниците на МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...