Турција за прием на Македонија на самитот во Чикаго

Скопје 14.05.2012 (МИА) - Турскиот весник Хуриет, повикувајќи се на извори во турската дипломатија, пишува дека еден од приоритетите на Република Турција на самитот во НАТО во Чикаго ќе биде проширувањето на Алијансата кон Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Според весникот, на самитот на кој нема да се донесе одлука за проширување на НАТО, Турција силно ќе ги повика другите членки на НАТО да не го забават процесот на проширување и да се обврзат на следниот самит да бидат испратени покани за нови членки.

- Проширувањето на НАТО во регионот на Балканот е многу значајно за промоција на мирот и стабилноста во овој дел од светот. Се уште има загриженост дека во овој регион може повторно да се засилат етничките тензии. Влезот на НАТО во регионот може да го спречи ова, пишува Хуриет, повикувајќи се на изјава на висок турски дипломат.

Според изјавата пренесена во Хуриет, Турција ги поддржува аспирациите за членство на сите четири наведени држави. Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија, кои учествуваат на самитот во Чикаго како партнери на НАТО, ќе бидат застапени на одделна средба со 28-те членки предвидена за „НАТО и за земјите аспирантки за членство".

Весникот потсетува дека Македонија одамна ги исполнила акционите планови за членство и не може да стане членка на НАТО поради противењето на Грција. Хуриет пишува дека Македонија активно работи да се надмине спорот со Грција, но дека Атина одбива компромис и продолжува да го блокира македонското членство. Според изворот на весникот, членството на Македонија во НАТО треба да биде сфатено како приоритетно прашање на самитот во Чикаго, и ќе влијае добро врз македонските меѓуетнички односи.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски од денеска престојува во посета на Турција. Попоски, покрај средбата со неговиот домаќин министерот Ахмет Давутоглу, ќе биде примен од турскиот претседател Абдула Ѓул и од претседателот на Големото народно собрание на Турција, Џемил Чичек. Шефот на македонската дипломатија ќе има средба и со министерот за европски прашања Егемен Багиш, како и со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото народно собрание, Волкан Бозкир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...