Идентификувани 14 учесници во инцидентите

при протестот против акцијата „Монструм“

Скопје, 14 мај 2012 (МИА) - Министерството за внатрешни работи врз основа на обезбедени видеоснимки идентификуваше 14 лица, сите од Скопје, на возраст од 18 до 39 години, кои директно беа инволвирани во инцидентите при протестите против акцијата „Монструм“ во петокот, кога беа повредени полициски службеници и претставници на медиумите, а беше предизвикана и материјална штета на државните институции.

Во консултација со Основното јавно обвинителство, соопшти денеска МВР,во редовна постапка, против овие 14 лица ќе биде процесуирана кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Секторот за внатрешни работи Скопје продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на инцидентите, односно идентификување и на други лица инволвирани во каменувањето, по што и против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Во петокот во временскиот период од  13.30 до 16.00 часот, група граѓани протестираа на повеќе локации во градот, во врска со акцијата „Монструм“. Протестот не беше уредно најавен во полициска станица, а сознанија за неговото одржување беа добиени од социјални мрежи, потсети МВР.

Околу 14.25 часот имаше каменување кон зградата на Владата на Република Македонија, при што се искршени 8 прозорци, а беше искршена и автобуската постојка пред Владата. Пред Влада, во пределот на главата со камен беше погоден униформиран полициски службеник, кој побарал лекарска помош и истиот беше пренесен во Градска болница. Во 14.50 часот масата преку мостот „Гоце Делчев“ продолжи кон ТЦ Мавровка, при што под стоковна куќа „Мост“ во пределот на грбот беше повреден новинар од Новинарска Агенција – Без Пардон. Во 15.15 часот групата намалена на 200 лица се упати кон седиштето на ДУИ лоцирано на ул.„Панче Неделковски“ каде лицата фрлаа камења и други предмети кон објектот на партијата.

Потоа преку ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Цветан Димов“ групата се упати кон зградата на општина „Чаир“ каде што фрлаа камења и други предмети при што се искршени два прозори од општинската зграда. Во 15.45 пред општина „Чаир“ е повреден снимател од Телма телевизија. Пред општината униформираните полициски службеници беа напаѓани со камења, стаклени шишиња и други предмети, а исто така е оштетено и комбе на Полициската станица - Центар. За време на протестот, се подвлекува во соопштението, шест униформирани полициски службеници се здобија со лесни телесни повреди и им беше укажана прва помош на лице место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...