Груевски ќе се сретне со Вен Џиабао

Скопје, 15 мај 2012 (МИА) - Премиерот Никола Груевски кој престојува во политичко-економска посета на Народна Република Кина, денеска ќе се сретне со својот колега, кинескиот премиер Вен Џиабао.

На средбата, која е втора за две и пол  недели, се очекува да бидат потврдени добрите политички односи меѓу двете земји, а ќе се разговара и за подобрување на воспоставените економски односи. Средбата воедно ќе биде и испраќање сигнал до кинеските компании кои сакаат да отворат свои капацитети во Европа дека Македонија е дестинација во која можат да најдат добри услови за водење бизнис.

Дел од македонската владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска ќе учествува на бизнис форум во Ченгду. Со Пешевски на форумот ќе бидат и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида. Бизнис форумот е организиран од Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка(ЦЦПИТ). 

Вчера премиерот Груевски се обрати на бизнис форумот во Пекинг. Во рамките на форумот беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот и Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка.

Владината делегација утре ќе присуствува на бизнис форумот во градот Чингдао, каде ќе има средба и со претставници на кинеската компанија за информатичка технологија „Хајер“. Можностите за инвестирање во Македонија во четврток ќе бидат претставени на бизнис форумот во Шангај, а владината делегација ќе ја посети и ќе има средби со менаџментот на компанијата „Хуавеј“, чиј делокруг на работа е информатичко-комуникациска технологија.

Шестдневната посета на НР Кина завршува во петок со презентација на инвестициските можности на Република Македонија на бизнис форумот во Хонг Конг каде Груевски ќе има средба и со Доналд Цанг, извршен шеф на Специјалниот административен регион на Хонг Конг.

Во рамки на економската турнеја за привлекување инвестиции, премиерот Груевски и владината делегација ќе остварат и повеќе поединечни средби со претставници на кинески компании од различни сектори.

Односите меѓу Македонија и Кина се развиваат во духот на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправност на двете земји. Дипломатски односи двете земји воспоставија на 12 октомври 1993 година на ниво на амбасади. Владите на двете држави остваруваат соработка во областа на економијата, образованието, културата, земјоделството и техничката помош. Во трговската размена постои нагорен тренд, која во 2011 година бележи најголем обем во однос на изминатите три години и се должи на зголемениот извоз на Македонија. Вкупната размена е 480 милиони американски долари, што е за 30 проценти поголем обем на размена во однос на 2010 година. Покрај потпишаниот Меморандум за реализација на енергетскиот проект „Вардарска долина“ и кинеското учество во енергетскиот проект на ХЕЦ „Козјак“, премиерот Вен Џиабао поведе иницијатива за потесна соработка на економски план помеѓу Кина и земјите од Источна и Југоисточна Европа за алоцирање 10 милијарди долари како поддршка и зајакнување на економската соработка со овие земји. Кина има значајна улога во светската економија како најголема земја извозник. Растот на кинеската економија во последните 30 години е резултат на големиот раст на производството. Во 2010 година Кина се издигна како втора најголема економија во светот. Најголеми трговски партнери на Кина се ЕУ и САД, а обемот на трговската размена со ЕУ во 2011 година го надмина оној со САД. Според последниот петгодишен план усвоен во март 2011 година, основа на кинескиот економски раст треба да биде зголемувањето на домашната потрошувачка и континуирани економски реформи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...