Македонија може да смета на поддршката од Турција

Скопје, 17 мај 2012 (МИА) - Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Џемил Чичек денеска уште еднаш ја повтори турската поддршка во однос на евроатланската интеграција на Македонија.
 
- Зачленувањето на Македонија во НАТО има некои пречки. Ја даваме нашата поддршка и ќе продолжиме во тој правец. Ние веруваме дека ова барање за зачленување на Македонија е многу праведно и дека тоа ќе биде придонес кон мирот и стабилноста на балканските простори. Се разбира мирот и стабилноста на балканските простори е голема придобивка за сите балкански земји, посебно за оние кои ставаат пречки за зачленување на Македонија во НАТО, изјави Чичек.  

Одговарајќи на новинарско прашање дали Турција ќе го отвори прашањето за Македонија на Самитот во Чикаго, тој рече дека претседателите на двете земји ќе бидат таму, ќе се сретнат и ќе го направат тоа што треба.
 
- Ние сме земја со политичка волја и одлучни во тоа да ги развиваме сестрано односите со Република Македонија под нејзиното уставно име и националниот идентитет, изјави Чичек.
 
Претседателите на двата парламента оценија дека севкупните односи меѓу двете земји се на највисоко ниво. Турција е земја која ја призна Македонија под нејзиното уставно име и националниот идентитет. 
 
Претседателот на македонското Собрание Вељаноски се заблагодари за континуираната, принципиелна и конструктивна поддршката што Турција и ја дава на Македонија во ЕУ и НАТО и оцени дека ваквите посети ќе даваат особен поттик на продлабочување на соработката меѓу двете земји.

- Поддршката на Република Турција за нас е многу значајна. Турција даде писмена поддршка во однос на пресудата на Меѓународниот суд за правдата, рече Вељаноски.    

Високо развиените односи меѓу двете земји, додаде тој, даваат поттик и за парламентарна соработка, која се одвива на ниво на парламенти, на пратенички групи за соработка и на ниво собраниски комисии.

Особена значајна за Македонија, додаде тој, е економската соработка со Турција која е на завидно ниво. Големи компании инвестираат во земјата, а најавени се и други турски инвестиции. - Со ваквите посети даваме значаен поттик и на бизнис заедниците во двете земји, рече Вељаноски.

Двајцата претседатели на парламентите на средбата размениле мислења за развојот на настаните во двете земји и најавија на интензивирање на собраниската соработка.   

Претседателот на Големото национално Собрание на Турција го покани Вељаноски да ја посети неговата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...