Самитот на НАТО пред самиот почеток

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов престојува во Чикаго каде на покана на НАТО Алијансата ќе учествува на Самитот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на шефови на држави и влади, кој ќе се одржи на 20 и 21 мај.

Во делегацијата на Република Македонија на Самитот се и министрите за одбрана и за надворешни работи Фатмир Бесими и Никола Попоски, амбасадорот во мисијата при НАТО Мартин Треневски и амбасадорот во Соединетите Американски Држави Зоран Јолевски.

Претседателот Иванов ќе има свое обраќање на овој состанок. Истиот ден предвидена е и одделна средба на министерско ниво на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија со земјите членки на НАТО.

Предвидено е членовите на македонската делегација да имаат голем број средби со претставници на државите - членки на НАТО.

На Самитот му претходеше интензивна активност на македонската дипломатија. Македонскиот државен врв оствари голем број средби со претставници на САД, Германија, Британија, Турција, Словенија, Унгарија, Италија и други држави - членки на НАТО, за да се промовира значењето на македонскиот прием во НАТО.

Според генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, Самитот во Чикаго нема да биде посветен на проширувањето на Алијансата. Во фокусот главно ќе бидат три теми: посветеноста на Алијансата кон мисијата во Авганистан, развивање на концептот на „паметната одбрана“ за соочување со предизвиците на 21 век, и зацврстување на партнерскатата мрежа на НАТО низ светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...