Македонските почесни конзули во САД со заеднички повик за прием во НАТО

Пет почесни конзули на Република Македонија во САД, побараа прием на Македонија во НАТО на самитот во Чикаго.

- Македонија направи големи напори во изминатите 20 години, и од потрошувач стана извозник на стабилност. Македонија ги дели демократските вредности на НАТО, спроведе исклучително тешки економски и политички реформи и придонесува кон мисиите на НАТО во Југоисточна Европа, Ирак и Авганистан. Македонските војници дури и го чуваат седиштето на НАТО и ИСАФ во Авганистан. Но, притоа не можат да влезат низ вратата на НАТО како полноправни членки на Алијансата што е болна иронија за Македонците, пишува во заедничкиот авторски текст потпишан од почесните конзули Лу Влашо, Славчо Маџиров, Дана Клајн, Енди Пејков и Џејсон Мико.

Во текстот, насловен „Отворете ја вратата на НАТО за Македонија“ и објавен на влијателната политичка интернет страница Дејли Колер, се потсетува на заклучокот на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година дека Македонија ги исполнува условите за членство и дека единствената пречка е спорот за името со Грција.

- Едноставно кажано, на Грција не и се допаѓа името на Република Македонија. Грција сака да има монопол на името Македонија. За жал, место да ги отфрли овие грчки забелешки како застарени и ексцентрични, НАТО четири години прифаќа да продолжи оваа срамна фарса. Самитот во Чикаго е можност да се исправи оваа неправда. Прашањето е, дали членките на НАТО имаат политичка волја да ја натераат Грција да седне на преговарачка маса, пишуваат почесните конзули.

Во текстот се наведува дека став на НАТО од неговото формирање во 1949 година бил дека вратите на НАТО треба да бидат отворени за европските демократски држави кои ги исполнуваат критериумите за членство. Петмината македонски почесни конзули во САД пишуваат дека Македонија оди и подалеку од спроведувањето на основните критериуми за членство во НАТО. Според нив, македонски влог се реформите кои земјата ги спроведува, борбата против корупцијата, ниските даноци и другите реформи во економската сфера спроведени во изминатите шест години, кои довеле до рангирање на Македонија на високото 22 место на извештајот на Светската Банка, повисоко од, на пример, Франција.

- Македонските граѓани и македонските раководства секогаш работеа на исполнување на нивниот сон, да станат дел од евро-атланските институции, и со тоа да го исполнат ветувањето за стабилност и просперитет, кој можеа само да го сонуваат кога прогласија независност пред 20 години. Како американски граѓани, ние сме обесхрабрени од изборот на Вашингтон да го игнорира овој меѓународен спор и да се надева дека работите сами ќе излезат на добро. САД и претседателот Обама имаат можност во Чикаго да ја исправат оваа голема неправда и да ја стабилизираат Европа така што ќе ја поддржат Македонија, се вели во писмото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...