Без прием на нови членки – преседан во Чикаго

Чикаго, 21 мај 2012 (МИА) – Челниците на НАТО на самитот во Чикаго не донесоа одлука за прием на нови членки во Северноатлантскиот сојуз, што е преседан во однос на сите самити кои се одржани во последните неколку децении, пишува американскиот неделник „Форин Полиси“.

Надвор од Алијансата, наведува „Форин Полиси“, и понатаму се Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија, иако се надеваа дека би можело да дојде до напредок во Чикаго.

Министрите за надворешни работи на 28-те НАТО држави се состанаа со претставниците на четирите земји кои бараат членство во Алијансата, но освен љубезна благодарност за учеството на нивните војници во мисиите, не добија ништо друго.

„Форин Полиси“ истакнува дека Грузија за членство во НАТО ја спречува нерешеното територијално прашање со Русија, додека Македонија спорот за името со Грција.

Не треба да се заборави, се потенцира во неделникот, дека Македонија ги исполни сите услови, а се уште не е членка на НАТО.

Црна Гора го има добиено Акцискиот план за членство во Алијансата, што е последен чекот пред влез.

Неделникот оценува дека проширувањето на НАТО не е меѓу приоритетите на администрацијата на Барак Обама, која многу повеќе е свртена кон завршување на војната во Авганистан и на европската должничка криза која има влијание и на воената алијанса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...