Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ

Скопје, 23 мај 2012 (МИА) - Потребно е спорот за името да се разграничи од интеграцијата во Европската унија и да не се комбинира со пристапните преговори, истакна денеска претседателката на Националниот Совет на Република Австрија Барбара Прамер во обраќањето во Собранието на Република Македонија.

Австрија, посочи Прамер,  е убедена во значењето и корисноста на дијалогот на високо ниво бидејќи тој не само што создава можност за градење мостови за пристапните преговори, туку вам и на ЕК ви дава време, до почетокот на преговорите да го постигнете потребниот напредок во петте тематски целини.

Прамер  воедно  го поздрави ангажманот со кој македонското Собрание ги сработува важните легислативни задачи добиени со  пристапниот дијалог на високо ниво.

Претседателката на австрискиот Национален Совет порача дека сите проблеми може да се разрешат на демократски, мирољубив начин,  да се работи на спречување на можноста за конфликти и многу повеќе да се занимаваме со причините на тие конфликти.

- Свесна сум дека  различните настани од почетокот на годината, а особено во последните недели, би можеле да бидат погодни да ги засенат меѓуетничките односи кои толку добро се развиваат. Затоа ја поздравувам улогата која од македонскиот Устав е пренесена на Собранието, на демократски легитимен начин да се противстави на сите сили, кои би можеле да имаат интерес да го попречат мирниот и конструктивниот соживот на етничките заедници во Македонија, рече Пармер.

Според неа, Австрија и Македонија имаат сеопфатна билатерална соработка, а економските односи и понатаму добро се развиваат.

Претседателката на Националниот Совет на Австрија  зборуваше за улогата на пратените и нагласи дека пред се‘ имаат одговорност кон своите гласачи во изборните единици. Но, посочи, не би можеле да го одработуваат мандатот доколку не се добро информирани и преку меѓународни контакти не се запознаат со гледиштето на другите парламентарци.

Иако надворешно-политичките прашања традиционално се во надлежност на Владите, истакна Прамер, ние оттука мораме да ја форсираме интернационализацијата на парламентарниот систем.

- Тоа е потребно за да се обезбеди, политичкото дејство и во иднина демократски да биде легитимирано. Интернационални и супранационални организации честопати не го исполнуваат тој критериум, и поради тоа, фактот дека тие се повеќе донесуваат политички одлуки, треба критички да се набљудува, рече Прамер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...