Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел

Скопје, 30 мај 2012 (МИА) - Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска го повика премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на ТВ дуел за да ги соочат аргументите  за се што било досега и за тоа кој каква иднина и нуди на државата.

- Да проговориме за се, буквално за се што било до сега, но што е уште поважно и за тоа кој каква иднина нуди за нашава земја, па народот нека гледа и сам нека заклучи кој е патриот, а кој е предавник, кој е одговорен, а кој неодговорен политичар, рече Црвенковски на прес-конференција во седиштето на партијата.

Тој истакна дека очекувал во текот на вчерашниот ден лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да објасни пред јавноста зошто предлогот Република Македонија (Скопје) којшто го прифатиле пред Самитот на НАТО во Букурешт е подобар од предлогот на медијаторот Метју Нимиц од 2005 година со кој, како што рече, се зачувувало уставното име на државата.

За информациите објавени во некои медиуми дека следува кривична одговорност за издавање на државна тајна, Црвенковски истакна дека со тоа воопшто нема да го заплашат и замолчат, туку напротив дополнително ќе го мотивираат.  - Имајќи предвид дека Вие први јавно почнавте да ја обелоденувате содржината на документот означен со државна тајна, со огромно задоволство би ја споделил кривичната одговорност со вас, рече Црвенковски.

Потврди дека документот што го презентираше во телевизиска емисија го доставил до новинарот со кого го водел интервјуто, како и до новинарите кои пројавиле интерес за тоа на вчерашната прес-конференција.

- Документот којшто го поделивме е оргиналниот текст на англиски јазик доставен од медијаторот Метју Нимиц. Се друго што вчера се објавуваше, се пласираше, се текстови декриптирани од нашето Министерство за надворешни работи со разноразни печатарски грешки, рече Црвенковски.

Прашан зошто се враќаме во 2005 година, Црвенковски со одговор дека од страна на премиерот биле ставени во таква ситуација.

- Наместо да говориме што понатаму, што после Самитот на НАТО во Чикаго, каква стратегија да дефинираме во наредиот период, ние бевме ставени во ситуација од страна на премиерот да не враќа во 2005 година со цитирање на содржина од документ којшто одамна е ад-акта се со цел да ме обвини дека сум предавник, а тој патриот. Тоа не е точно и затоа треба да се соочиме пред македонската јавност, рече Црвенковски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...