Христо Петрески е добитникот на наградата „Рациново признание“ за 2012 година

Велес, 8 јуни 2012 (МИА) - Добитник на наградата „Рациново признание“ за 2012 година, кое ќе се додели на овогодинешните 49-ти „Рацинови Средби“ е писателот, Христо Петрески за романот „Лифтот (не) е за двајца“.

Ова е одлуката која тричлената жири-комисија во состав: Тодор Чакаловски (претседател),Милован Стефановски и Мишел Павловски (членови), ја донеле едногласно откако ги сублимирале 12-те нови прозни дела кои пристигнале на објавениот конкурс.

- Романот на наградениот Петрески е пишувано во духот на постмодерната прозна традиција и со својата тејлер структура придонесува нагласено да се доживува како отворена форма и затоа е слоевит стилско-тематски зафат во современата македонска белетристика, нагласи претседателот на жири-комисијата, Тодор Чакаловски.

За наградениот писател, Петрески ова е награда за која сонувал уште од дете и истовремено е од огромно значење затоа што го носи името на ненадминливиот и засекогаш народен автор Кочо Рацин.

- Рациновото признание досега го добиле речиси сите најистакнати писатели од Македонија и кон таа плејада од автори се приклучувам и јас, а ова признание го чувствувам како признание за новата проза, за релативно помладите автори, за современите тенденции и движена на планот на романот и расказот, потенцираше, Петрески.

Оваа година 49-те „Рацинови Средби“ ќе се одржат на 14-ти и 15-ти јуни и како и минатите години ќе бидат проследени со низа културни активности кои треба да овозможат да се откријат сите димензии на Рацин.

На поетскиот митинг ќе настапат вкупно 17 поети од кои 5 поети од странство, 8 поети од Македонија и 4 поети од Велес.Беседите за Рацин ќе ги имаат поетите: Илхами Емин и Иван Џепаровски, а додека за музичкиот дел задолжени ќе бидат групата Старовски и Пеце Атанасовски оркестра.

По пауза од 15 години ќе се промовира Алманахот на Рациновите Средби од претходната година, а во поглед на програмските активности ќе има изложба на грнчарски производи, етно-работилници како и посета на спомен-куќите на Рацин, Касапови и Васил Главинов.

Наградата „Рациново признание“ на Петрески ќе му биде доделена на втората вечер насловена „Мугра“ кога исто така ќе се додели и Почесното Рациново признание кое оваа година оди во рацете на писателот, издавачот и промоторот на македонската култура и литература во Грција, Костас Валетас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...