Почнува јунскиот уписен рок во средните училишта

Скопје, 14 јуни 2012 (МИА) - Во средните училишта во Македонија денеска и утре е првото пријавување и запишување ученици во јунскиот уписен рок за учебната 2012/2013 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни.


Според објавениот Конкурс, има 34.791 слободно место, од кои во гимназиското образование 11.529, во стручните училишта 22.582 и во средните уметнички училишта 408 слободни места за запишување во прва година.

На 21 јуни ќе се одржи квалификациско тестирање во училиштата каде што ќе се пријават поголем број кандидати од предвидената квота, а резултатите ќе бидат објавени на 22 јуни.

Според јазикот на кој се изведува наставата, 23.679 слободни места се за  македонски наставен јазик, 10.262 места за албански наставен јазик, 816 за турски јазик  и 34 слободни места за ученици кои ќе следат настава на српски јазик. 

Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 27-ми и 28 јуни, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 29 јуни. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 16 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе бидат објавени на 17 август.

Училиштата кои во двата уписни рока нема да го пополнат предвидениот број слободни места, ќе продолжат да запишуваат ученици до 31 август 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...