Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ

Република Македонија ќе претседава една година со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Подобрување на имиџот на нашиот регион е еден од приоритетите на кој сакаме да работиме, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по Министерскиот состанок на земјите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што  се одржа во Белград.

Тој истакна дека за време на претседавањето Македонија ќе се фокусира, главно, на економската соработка, со нагласување на бизнис-компонентата, креирање перцепција за целиот регион како атрактивна дестинација за инвестиции и туристи.

- Мислам дека треба да преминеме од фаза во која главната асоцијација беа конфликти, блокади и опструкции на една нова фаза која ќе биде соработка, конкретен напредок и заемно поддржување. Мирот и стабилноста во Европа биле изградени пред 60-ина години на база на таква соработка и меѓусебна поддршка. Сметаме дека нашиот регион може да се интегрира во европското семејство само со еден таков пристап, рече Попоски.

Тој очекува земјите-членки во ЕУ да покажаат соодветно ниво на свест за поддржување на останатите кои се кандидати и потенцијални кандидати да напредуваат на патот на евроинтеграција.

- Во тој дух го гледаме и остварувањето на Солунската агенда која постави за цел поддршка и затворање на процесот на интеграции на регионот во рамки на ЕУ. Тоа го очекуваме и тоа е вистинскиот предизвик. Заедно можеме да се справуваме подобро и со некои од глобалните предизвици, од економска природа, заштита на човековата околина, заштита од природни непогоди. Во тие рамки ги гледаме и можностите да се афирмира оваа соработка на позитивен начин и да можеме да придонесеме за сликата на Југоисточна Европа да биде повидлива во Европа и светот, но исто така да се видат и конкретни резултати од таа соработка која ќе го направи нашиот регион подобро место за живеење, истакна Попоски.

Тој денеска имаше средби со министрите за надворешни работи на Србија, Романија и на Црна Гора - Вук Јеремиќ, Андреи Марга и Милан Рочен, и со своите колеги разменил мислења за успешноста на досегашното претседавање на Србија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Шефот на дипломатијата се сретна и со македонскиот амбасадор во Белград Љубиша Георгиевски, како и со пратеникот Миле Спирковски, прв Македонец во Српското собрание, претседател на Демокртаската партија на Македонците во Србија.

- Сметам дека е исклучително значајно што претставник на македонската заедница во Република Србија ќе биде дел од Парламентот. Тоа што го очекуваме е дека ќе се работи на промоција на заедничките цели. Македонија и Србија ја гледаат својата иднина во рамки на истото европско семејство. Во тој дел афирмирањето на немнозинските заедници и нивниот учинок во политичкиот и во сите други аспекти на живеење во една држава е исклучително значаен, додаде Попоски.

Според него, тоа е доста охрабрувачки факт за целиот регион. – На тој начин, преку афирмативна акција на сите немнозински заедници во сите земји, можеме подобро да работиме на интеграцијата и на остварувањето на заедничката цел, сите заедно да бидеме во ЕУ, истакна Попоски.

Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ПСЈИЕ е најстарата автохтона политичка иницијатива во регионот. По  преземањето од Србија, Македонија ќе претседава до јуни 2013 година. Претходното, прво претседавање на нашата земја со ПСЈИЕ беше во 2000-2001 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...