Македонско претседателство со Процесот за соработка во ЈЕ

Белград, 15 јуни 2012 (МИА) – Преземајќи го претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИ), Република Македонија останува посветена на промоција на принципите на добрососедство и помирување во регионот, преку европските и евроатлантските интеграции. Меѓу приоритетите на македонското претседавање ќе биде соработката во областа на економијата и земјоделството, културата и туризмот, науката и образованието, прекуграничната соработка и заштитата на животната средина.


 
Ова денеска во своето обраќање го истакна шефот на државата Ѓорге Иванов на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Белград, јави известувачот на МИА.

Македонија следната година во јуни ќе биде домаќин на Самит, на кој, како што наведе Иванов, фокусот ќе биде на две актуелни и тесно поврзани прашања од глобално значење: намалувањето на ризиците од катастрофи и адаптацијата кон климатските промени. - Тоа се комплементарни концепти кои се дел од истата равенка, чие решение мора заедно да го бараме. Климатските промени и ризикот од катастрофи се реалност на денешницата, но и реална закана за иднината. Закана која може да се отстрани само со исполнување на преземените обврски и бројните заложби на сите нас. Уверен сум дека интензивната регионална соработка на ова поле ќе ни помогне да изградиме регион поотпорен кон природните непогоди, рече македонскиот претседател.

Потребно е, додаде, сите заедно да направиме дополнителни напори за регионалната соработка. - Само така ќе ги надминеме предрасудите во регионот и ќе ги интегрираме нашите земји во Европската унија. Предрасуди кои го оптоваруваа минатото, кои ја ограничуваат способноста да се живее сегашноста и се уште можат да бидат закана за иднината, потенцира Иванов.

Според него, последните 15 години биле исполнети со политички декларации и изјави, 15 години на градење заемна доверба и чувство на заедништво кои, како што рече, му помогнаа на регионот да се стабилизира и да го врати изгубениот баланс меѓу минатото, сегашноста и иднината.

- Нашите земји премногу долго живееја во минатото. Дозволивме минатото да ни ја украде сегашноста и да ни ја одложи иднината. Процесот за соработка во Југоисточна Европа ни помогна да го вратиме нашиот фокус на приоритетите што се пред нас. На европските и евроатлантските интеграции, рече Иванов и додаде оти се потребни помалку декларации, а повеќе работа.

Шефот на државата информира дека во исто време Македонија ќе биде домаќин и на 11-от  Форум на дијалогот меѓу цивилизациите во соработка со УНЕСКО и Советот на Европа, чија тема ќе биде фокусирана на младите.

- Немам дилема дека целата наша енергија треба да биде насочена кон младите, кон создавање млади за иднината и иднина за младите. Млади кои ќе бидат изградени во духот на дијалогот, толеранцијата и почитувањето на различноста. Само така ќе создадеме нова генерација на регионални лидери подготвени за предизвиците и можностите во 21 век, рече Иванов.

На маргините на Самитот, претседателот Ѓорге Иванов ќе има и неколку билатерални средби со  колеги од Србија, Бугарија и Молдавија, Томислав Николиќ, Росен Плевнелиев и Николае Тимофти. Предвидено е да има средби и со Ломберто Заниер, генерален секретар на ОБСЕ, со претставници на македонското национално малцинство и на Националниот совет на Македонците и со Миле Спировски, претседател на Демократската партија на Македонците и пратеник во Парламентот на Србија.

Во Белград како претходница на денешниот Самит, вчера се одржа министерски состанок на ПСЈИЕ на кој учествуваше шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. На состанокот се сумираа резултатите од едногодишното претседателство на Србија со ПСЈИЕ, кое завршува денеска со Самитот на шефовите на држави и влади. Следен претседавач со иницијативата е Република Македонија, која вторпат ќе претседава со ПСЈИЕ.

Претседавањето со оваа регионална иницијатива е ротирачко меѓу сите земји членки и е со времетрање од една година. Процесот за соработка во Југоисточна Европа е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Специфична цел на оваа сеопфатна регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот,  да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.

Полноправни држави-учеснички во ПСЈИЕ се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Молдавија, Црна Гора и Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...