Премиерот Груевски ќе се сретне со рускиот претседател Путин

Москва, 18 јуни 2012 (МИА) - Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Руската Федерација, в четврток во Санкт Петерзбург ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што изјави вицепремиерот Зоран Ставрески, кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Груевски посетата на премиерот Груeвски и македонската делегација на Русија е од исклучително политичко и од економско значење, оти се очекува тоа да даде нов сигнал за политичките и економските релации  меѓу двете земји.

- Во политичкиот дел би сакал да истакнам дека најзначајно е што во рамките на престижниот форум посетата на Санкт Петерзбург што ќе ја имаме в четврток премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин што ќе даде нов сигнал и насока за политичките односи меѓу двете земји, но и за економските односи меѓу двете земји во следните години. Тоа е уште една потврда дека Република Македонија тука е примена на највисоко ниво и дека во Русија имаме извонредно отворена врата за развој на политичките, но пред се и за економските односи за кои што ние сме посебно заинтересирани, подвлече Ставрески.

Македонската делегација посетата на Руската Федерација ја почна денеска во Москва каде можностите за инвестирање во Македонија беа презентирани пред околу стотина руски инвеститори, а се потпиша и договор за соработка меѓу Република Македонија и Московската област.  Утре делегацијата ќе птрестојува во Владимир, а потоа во Јужни Новогород, градови кои се богати со природни ресурси, но кои имаат исклучително силна инвестициска база, поради што се очекува оттаму да произлезат нови потенцијални инвестиции за Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...