Во Македонија денеска 38, утре и задутре 39 степени

Скопје, 20 јуни 2012 (МИА) - Македонија неделава е под влијание на многу топла и сува воздушна маса од северна Африка, што условува сончево и многу топло време, со висок УВ индекс.



Според најавите од УХМР, температура денеска ќе достигне до 38 степени, а максимумот ќе биде утре и в петок кога се очекуваат 39 Целзиусови степени.

Во наредните два дена ќе има и висок УВ-индекс со вредност 9.

Благо опаѓање на температурата се очекува во сабота кон крајот на денот, во недела и во понеделник кога ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 29 до 37 степени.

Утре рано изутрина во 1 часот и 9 минути календарски почнува летото. Во исто време за жителите на јужната хемисфера почнува зимата.

На почетокот на летото, денот е најдолг, а ноќта најкратка. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...