Три дена забрана за рекламирање и осуда од Советот на честа на ЗНМ

Скопје, 21 јуни 2012 (МИА) -  Советот за радиодифузија на ТВ Канал 5 денеска и изрече мерка три дена забрана за рекламирање и телешопинг, поради емитување промотивен рекламен спот вчера и денеска, со којшто бил прекршен Законот за радиодифузна дејност.



- Анализата на емитуваниот промотивен спот, што имал првична цел да најави нова серија  покажа дека ТВ Канал 5 го има прекршено членот 87 од Законот за радиодифузната дејност, односно овој радиодифузер емитувал рекламен спот за самопромотивни цели, кој е невистинит (лажна авионска несреќа) и ја заведува јавноста (емитување промотивен спот во форма на вонредни вести), соопшти СРД по одржаната итна седница.

Според СРД, констатирано е и прекршување на законот со тоа што ТВ Канал 5 во реклама за самопромотивни цели користи лице кое редовно презентира вести со што е прекршен членот 105 од законот. Итната седница на СРД била одржана поради големиот број претставки од граѓаните, кои се почувствувале вознемирени од промотивните рекламни спотови.

Реакција за емитуваниот промотивен спот на ТВ Канал 5 упати и Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија,  оценувајќи ја постапката на телевизијата како крајно непрофесионална и неетичка, спротивна на сите одредби  од Кодексот на новинарите.

- Советот на честа смета дека станува збор за злоупотреба и груба дезинформација со која својот економски интерес Канал 5 го става над јавниот интерес. На овој начин телевизијата предизвика страв и заблуда кај граѓаните и тоа свесно, за да ирекламира своја емисија, наведува во реакцијата Советот на честа на ЗНМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...