Земјите од регионот да бидат дел од обединета Европа

Скопје, 25 јуни 2012 (МИА) - Посветеноста и отвореноста кон ЕУ-интегрирањето, јакнењето на добрососедските односи, интензивирањето особено на стопанската соработка и промовирањето на регионот како економски перспективен со големи можности за инвестирање и туристички потенцијал, беа дел од темите на кои денеска разговараа министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Косово, Никола Попоски и Евнер Хоџај.

Отворени прашања меѓу двете земји нема, рекоа Попоски и Хоџај по средбата. Нивната порака е дека посакуваат сите земји од регионот да бидат дел од обединета Европа.

- Македонија за Косово е многу важен политички, економски и стратешки партнер. Македонија е една од првите земји кои не призна под уставното име и со која имаме потпишано најмногу договори и спогодби, како и реализирано средби на сите нивоа, изјави Хоџај.

Според него, нашите земји се мали и затоа треба максимално да се поддржуваме и да си помагаме. - Не само што имаме заедничко историско и културно минато, туку имаме и заедничка цел, евроатлантското интегрирање, истакна Хоџај.

Оценувајќи го разговорот со својот косовски колега како исклучително продуктивен, Попоски напомена дека на средбата се отворени повеќе иницијативи и идеи за продлабочување на соработката. Косово и Македонија, додаде, претставуваат определена одредница за тоа како може да се градат односите и како може да се постави пример на соработка за остварување на заедничките цели.

- Го нагласивме значењето од учеството на Косово во сите регионални организации и иницијативи како дополнителен фактор за стимулирање клима на стабилност и просперитет и соработка. Тоа е и најдобриот начин да ја потврдиме нашата посветеност кон евроатлантските интеграции. Воедно сметаме дека е од огромно значање, особено сега, во период на неповолни светски финансиски трендови, да го интензивираме ангажманот и да оствариме повеќе конкретни проекти најмногу во делот на инфраструктурата, енергетиката, патното поврзување, привлекувањето странски инвестиции и во активирањето на сите неискористени ресурси, рече Попоски.

Тој и Хоџај ја констатирале неопходноста од засилување на соработката меѓу локалната самоуправа и стопанските комори, како и можноста за слободно движење на граѓаните, само со лични карти.

Како што информира Хоџај, Косово летово ќе почне со изградба на автопат до Македонија. Од двете страни е дадено одобрување за отворање нов граничен премин, но воедно се дискутирало и премините Јажинце и Глобочица да бидат отворени и сертифицирани за проток на стоки. Слободното движење на граѓаните и добрата, потенцира косовскиот министер, се клучни за нашата и регионалната соработка. - Услугите и производите од Македонија се добредојдени на Косово, рече тој.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Смиљковско езеро, Хоџај посочи дека надлежните институции од двете земји се во постојан контакт. – Благодарение на постојаната соработка, овие проблеми не го отежнуваат нашиот дијалог и односите. Пред да дојдам тука, разговарав со моите колеги од Министерството за внатрешни работи. Тие ми кажаа дека се, исто така, во редовен контакт со македонското МВР. Но, ова не беше тема на денешната средба, подвлече Хоџај.

Македонија, потенцираа двајцата министри, ќе му помогне на Косово во процесот на визната либерализација и генерално, во сите останати искуства од процесот на евроинтегрирањето.

Шефот на косовската дипломатија попладне ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...