Груевски се сретна со косовскиот министер за надворешни работи

Скопје, 25 јуни 2012 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република КосовоЕнвер Хоџај. На средбата стана збор за билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Косово, како и за можностите за нивно продлабочување. 



Груевски, како што соопшти владината прес-служба истакнал дека Република Македонија ја поддржува Република Косово на планот на европските и евроатланските интеграции, при што посочил дека постои подготвеност од македонска страна за пренесување на искуствата во овој домен.

- Од страна на претседателот на Владата беше истакната и потребата за зајакнување на соработката во доменот на безбедноста и борбата против организираниот криминал, при што беше посочено дека се очекува тоа да се реализира преку лоцирање и приведување на поголем број на извршители на тешки кривични дела во Република Македонија, за кои постои сознание дека се кријат на територијата на Република Косово, се вели во соопштението.

Двајцата соговорници разговарале и за потенцијалите за продлабочување на економската соработка, особено во делот на енергетското, патното и железничкото поврзување, како и за зајакнување на трговската соработка.

- Во тој контекст беа разменети информации околу активностите на двете страни за изградба на автопатот Скопје – Приштина, при што се заклучи дека има можности за координирано изнаоѓање на потенцијални инвеститори кои што би ја финансирале изградбата на овој патен правец, стои во соопштението.

Двајцата соговорници заклучиле дека двете земји треба да продолжат со континуирано унапредување на взаемните односи, при што било оценето дека од особено значење се потенцијалите за продлабочување на соработката во доменот на економијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...