Веста за навредливите грчки налепници објавена во американските медиуми

Вашингтон, 25 јуни 2012 (МИА) - Американските медиуми денеска ја пренесуваат веста на Асошиејтед прес, дека грчките гранични полицајци ги обележуваат возилата што влегуваат од Република Македонија со навредливи налепници со кратенката БЈРМ.

- Ова е бесправна и неоснована провокација, цитиран е македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, во текстот објавен на интернет страниците на повеќе американски медиуми како Вашингтон Пост и Фокс, кои пишуваат дека Македонија реагирала до Грција поради новата провокација.

Во текстовите објавени денеска во САД, како што јавува дописникот на МИА од Вашингтон, се потенцира дека Грција го блокира македонскиот влез во НАТО, како и дека повеќе од 130 држави ја признале Република Македонија под уставното име. Наведено е дека спорот за името трае уште од 1991 година, поради инсистирањето на Атина дека името Република Македонија претставува територијална претензија насочена Грција.


Познавачите на балканските состојби во Вашингтон го следат однесувањето на Грција и обележувањето на македонските возила со ознаката „признаено од Грција како БЈРМ“.

Американскиот професор и поранешен дипломат Даниел Сервер забележа дека Грција овие денови има многу поголеми проблеми отколку да троши пари за вакви налепници. Сервер предложи Македонија да возврати со налепници „Јужна Македонија“ или „Јас сум Грк и патувам во земја чие име не го признавам“ залепени на возилата на грчките патници во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...