И Нимиц доаѓа со Бан Ки Мун во Скопје

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, ќе пристигне во Скопје на 25-ти јули заедно со медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц.

Како што објави српскиот весник “Политика“, Ки Мун го најавил ова на брифинг со новинари во Њујорк, како одговор на прашањето дали е загрижен поради фактот дека прашањето за името меѓу двете земји се’ уште не е решен.

“Мојот специјален пратеник за ова прашање ќе ме придружува во Скопје и ќе има можност да оствари разговори со претседателот Иванов и премиерот Груевски. За жал, овој спор за името трае премногу долго. Јас ги повикав лидерите на Грција и Македонија да се реши ова прашање што е можно побрзо за нивно добро и важно за нив е да покажат флексибилност и чувство за компромис ", рекол Ки Мун.

Посетата на генералниот секретар ја потврди и премиерот Никола Груевски кој вчера изјави дека очекува Ки Мун да ја искористи посетата на Македонија за непосредно да се запознае со разговорите за спорот за името кои се одвиваат под покровителство на Светската организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...