Македонија е на добар пат

Скопје, 16 јули 2012 (МИА) – Се забележуват конкретни и бројни резултати и подобрувања во делот на спроведување на Охридскиот рамковен договор, судството и слободата на изразување на медиумите.

Ова го соопшти Стефано Санино, генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија по денешната средба во македонската Влада со вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи на која се разговараше за напредокот на земјата по воспоставувањето на Претпристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија.

Санино нагласи дека имале многу конструктивен состанок на кој се разговарало за напредокот на Република Македонија и за прогресот на институциите во земјата.

- Можам да кажам дека заедничката агенда добро напредува и оти не очекува напорна работа во следните месеци, но очекувам конкретни резултати, изјави Санино по средбата, истакнувајќи дека ЕУ ќе направи се што е во нејзина моќ да ги релаксира сите пречки за процесот да продолжи и понатаму. 

Тој ја најави следната средба на двете страни која, како што рече, треба да се одржи на 24 јули во Брисел.

Досега сработеното, истакна вицепремиерот Арифи, зборува за фактот дека Македонија адресирала повеќе прашања, како прашањето на дијалогот со претставниците на медиумите, извештајот за реализација на Охридскиот рамковен договор, работата на Управувачкиот комитет за изборите и други прашања.

- Разговаравме за прашања поврзани со дијалогот на високо ниво, напредокот постигнат досега и за Извештајот кој го поднесовме на крајот на јуни, а ни беше обврска за реализација, додека денеска привршуваме со средно оценување на процесот на дијалог на високо ниво, рече Арифи.

Процесот на дијалог на високо ниво, оцени, е многу важен за Република Македонија. Вицепремиерот соопшти дека идниот состанок за дијалогот е закажан за 17 септември.

- Очекуваме овој процес дефинитивно да се заклучи со реализација на преземените обврски, додаде Арифи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...