Македонија веќе се однесува како сојузник

и сакаме што поскоро да ја видиме во НАТО

Скопје, 18 јули 2012 (МИА) - Македонија веќе се однесува како сојузник и сакаме што поскоро да ја видиме како член на Алијансата. Тоа ќе се случи веднаш штом ќе го решите проблемот со името во ОН за што постои консензус во НАТО, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата Александар Вершбоу по средбата со премиерот Никола Груевски во Владата на Република Македонија.

- Очекувам решението за проблемот со името да се постигне што е можно поскоро и да ја видиме Македонија како 29-та земја-членка на НАТО. Тоа ќе биде корисно за вас, за Алијансата, но и за регионот, порача Вершбоу.

На прашањето дали во НАТО постои план Б доколку не се реши проблемот со името, заменик-генералниот секретар рече дека во НАТО одлуките се носат со консензус.

- НАТО е организација во која одлуките се носат со консензус. Во моментов нема план Б, бидејќи за менување одлука донесена со консензус на самит  повторно е потребен консензус, рече Вершбоу.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски истакна дека Република Македонија веќе се однесува како член на НАТО и оти досега повеќе пати има потврдено дека го заслужува местото во Алијансата.

- Очекувавме уште пред многу циклуси да бидеме земја-членка, но сепак континуирано продолжуваме со исполнување на сите цели  зацртани во акциските планови. Исполнувањето на 12-те МАП-а е уште еден доказ кој ја прави блокадата апсурдна. Очекуваме да продолжиме со нашето однесување како НАТО земја-членка, но и Алијансата да ја препознае вредноста заедно со земјата која досега го опструираше патот за наше зачленување, да покаже и зрелост и концепт и конкретна контрибуција за да го заокружиме  тој процес. Дефинитивно од тоа сите ќе имаме корист, рече Попоски.

Македонија, додаде, е отворена за дијалог и за добрососедски односи, но тоа го очекува и од другата страна.

На прашање дали денешната посета на заменик-генералниот секретар на Алијансата и најавената посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и посредникот за името Метју Нимиц на Скопје и Солун значат придвижување во решавањето на проблемот со името, рече дека ја поздравува посетата, но сака да види и искрена посветеност и инволвирање и комуникација на сите можни нивоа помеѓу официјалните претставници на највисоко ниво на Грција.

- Само на таков начин може да дојде до некакво придвижување. Македонија е отворена за комуникација со секого и  на секое ниво. Се надевам дека ќе видиме суштинска посветеност од нашите соговорници во Грција како значаен фактор за создавање клима и придвижување во вистинскиот правец. Контакт плус значи подобри можности и подобри шанси  за да се зголеми довербата и да се креира клима која би не водела кон надминување на овој крајно неразумен и наметнат спор. Тоа што го очекуваме и при оваа посета, како и при секоја друга е да можеме да  видиме повратни информации од страна на Атина кои ќе покажат  и де факто посветеност и де факто конструктивност, потенцира Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...