Во Македонија активни пет пожари

Во Македонија денеска до 14 часот се уште се активни пет пожари. Се уште е активен пожарот во општина Гевгелија, меѓу селата Горничет и Ума, каде гори нискостеблеста и дабова шума на поголема површина.

Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, вчера дејствувале со два авиони во 12 налети. Во моментов таму се присутни 40 вработени од ЈП „Македонски шуми“, 20 вработени од просторните сили на општина Гевгелија и едно противпожарно возило со екипа на ТППЕ.

Активен е и пожарот во општина Гостивар, во село Лакавица на потегот кон месноста Митрови Крсти, каде гори нискостеблеста шума во радиус од еден километар. Присутни се 7-8 пожарникари од ТППЕ со едно противпожарно возило и двајца вработени од ЈП „Македонски шуми“. На оваа локација пожарот се распламтува и проширува потпомогнат од ветерот.

Во општина Крива Паланка активен е пожарот во село Градец, каде гори нискостеблеста шума. Присутни се две возила на ТППЕ со 6 пожарникари и 10 вработени од ЈП „Македонски шуми“.

Активен е пожарот во село Лезово, општина Пробиштип, каде гори сува трева на 5 декари. Овој пожар е локализиран во 4 часот изутринава со четири пожарникари со едно противпожарно возило.

Во општина Струга, над село Радожда горела нискостеблеста, дабова и борова шума. Пожарот настанал вчера околу 21:40 часот. Овој пожар е локализиран, а во гаснењето учестувале двајца пожарникари од ТППЕ, еден вработен од ЈП „Македонски шуми“ и 10 граѓани. Денеска на терен се присутни двајца пожарникари со едно противпожарно возило и 4 вработени од ЈП „Македонски шуми“.

Дирекцијата за заштита и спасување контуинирано ја следи состојбата со пожарите преку своите 35 подрачни одделенија и соодветно интервенира на потребните локации.

На барања од локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување веднаш е подготвена активно да се вклучи во справувањето со појавените пожари, со сите свои човечки потенцијали и материјално-технички средства и опрема.

Дирекцијата информира дека со помош на Владата е опремена со три специјализирани авиони за гасење на пожар на отворен простор и 30 противпожарни возила кои се распределени на користење на тер



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...