Бан Ки-мун денеска и утре во Македонија

Скопје, 24 јули 2012 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во рамки на неговата балканска турнеја  денеска и утре ќе престојува во официјалната посета на Република Македонија. Првиот човек на Светската организација ќе биде придружуван од посредникот на ОН во спорот за името со Грција, Метју Нимиц, поради што се очекува тоа прашање да биде централна тема на разговорите со македонскиот државен врв.

- Фактот што во придружба на Бан Ки-мун ќе допатува и неговиот специјален претставник за спорот со името Метју Нимиц, го гледаме како потврда на важноста што Генералниот секретар на ОН ја придава кон што побрзо разрешување на ова прашање и изнаоѓање начин за интензивирање на процесот. На генералниот секретар и посредникот Нимиц ќе им биде повторен нашиот конструктивен приод и решителност за што побрзо изнаоѓање на заеднички прифатливо решение во врска со спорот со името, стои во соопштението од МНР по повод посетата.

Како што соопшти порано канцеларијата на медијаторот Нимиц, од Скопје тој на 26 јули ќе замине во Солун на средба со грчкиот претставник во разговорите за името амбасадорот Адамантиос Василакис, кој потоа треба да ја брифира грчката Влада.

Дводневниот престој во Македонија, Бан Ки-мун го почнува вечер во Охрид. Според агендата, генералниот секретар на ОН во градот на УНЕСКО ќе разговара со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов. Во среда наутро Ки-мун и претседателот Иванов ќе имаат официјална средба, по што ќе следи заедничка прес-конференција. По планираната прошетка низ Охрид, Бан Ки-мун заминува за Скопје каде што ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе има и обраќање пред пратениците во законодавниот дом.

Според најавата од МНР, на средбите Бан Ки-мун, ќе биде информиран за постигнувањата на Република Македонија од нејзината независност и во текот на 19-годишното членство во ОН: изградбата на мултиетничка функционална демократија; придонесот кон регионалниот развој и соработка со посебен акцент на градењето добрососедски односи; заложбите и придонесот за континуирано унапредување и почитување на човековите права во светот, за што потврда е кандидатурата на Македонија за членство во Советот за човекови права за периодот 2014-2016; македонската интенција за зголемено учество во мировни операции на ОН; како и голем број други активности во насока на зајакнување на соработката и партнерството на Република Македонија со ОН.

Успешното претседавање со 62-то Генерално собрание на ОН, пак, ќе биде посочено како најдобар пример дека една мала земја како Република Македонија, може активно да придонесе за мобилизирање на членството на Светската организација за справување со одредени глобални прашања, како односот кон климатските промени или пак реформата на системот на ОН, вклучувајќи ја ревитализацијата на Генералното собрание.

Средбите кои Бан Ки-мун ќе ги има со највисокото македонско раководство, најавува МНР, ќе бидат прилика за истакнување и потврда на целосната поддршка на Република Македонија кон напорите на Светската организација за зачувување на мирот и безбедноста во светот, а особено на заложбите на Генералниот секретар за спроведување на реформи на целиот систем на ОН, неговите активности за разрешување на состојбата во Сирија, транзицијата во Либија и Тунис, натамошните активности во делот на одржливиот развој по неодамнешната конференција Рио+20, како и други теми од глобален интерес.

На посетата се гледа и како на исклучителна можност за размена на мислења за бројни актуелни прашања од агендата на ОН, како справувањето со широката лепеза глобални предизвици како што се искоренување на сиромаштијата, борбата против тероризмот, непролиферацијата на оружје, одржливиот развој, климатските промени и др.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун од Скопје заминува за Босна и Херцеговина, со што ќе ја заврши балканската турнеја во која беа опфатени сите држави од поранешна Југославија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...