Докторите стравуваат за животите на тројца од повредените во пожарот

Животите на тројца од 14-мината повредени во вчерашниот пожар во близина на Струмица се сериозно загрозени и докторите стравуваат дека и покрај максималните напори не ќе можат да ги спасат.

Тројцата вработени на Јавното претпријатие “Шумско стопанство“ во моментов се борат за живот во Градската хируршка болница “Св. Наум Охридски“ во Скопје. Пожарот што се обидуваат вчера попладне да го запрат и нанесе страшни повреди и изгореници на над 90 отсто од телата.

Докторите во болницата се плашат дека последиците од изгореници се пресериозни, виталните параметри им се надвор од нормалните граници.

“Нивните изгореници се на над 90 отсто од телото и нивната состојба се уште е крајно критична. Симптомите се веќе и откажување на некои од виталните органи, виталните параметри не можеме да кажеме дека се во рамките на нормалните. Се преземаат сите потребни мерки, но тие се уште се во животна опасност“, вели утрово директорката на “Св. Наум Охридски“ доктор Јасминка Чабуковска.

Двајцата од животно загрозените се браќа од струмичкото село Рич, педесетгодишниот Б.С. и пет години помладиот П.С.. Во животна опасност е и нивниот колега В.Г. (54) од Вељуса.

Доктор Чабуковска вели дека четвртиот повреден кој има 50 отсто изгореници на телото е во подобра состојба и има одредени шанси за преживување.

“И тој е витално загрозен, но не е во толку критична состојба. Петнаесетгодишното момче е во добра стабилна здравствена состојба, во моментов е свесно и се очекува во текот на денот да биде префрлено на одделение“, вели Чабуковска.

Огнената стихија изби вчера попладне, а поради лошите временски услови се ширел со голема брзина. Во еден момент пламените јазици ги обиколиле пожарникарите, вработените во Шумското стопанство, волонтери од локалното население, но и деца кои од љубопитност заминале на местото на пожарот.

Огното повреди вкупно 14 лица, од кои седум се деца. Жители и пожарникари успеале да дојдат до нив и да ги пренесат во Медицинскиот центар во Струмица каде им е укажана првична лекарска помош. Поради сериозноста на повредите петмина од нив беа префрлени во Скопје.

Таму синоќа ги посети и премиерот Никола Груевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Надлежните институции ветија брза истрага за причините избувнувањето на пожарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...