Починаа двајца повредени во пожарот кај Струмица

Четириесет и шестгодишниот вработен во „Македонски шуми“, со тешки изгореници од пожарот кај Струмица, почина попладнево на Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, информираа од Клиниката.

Тој е брат на претходно починатиот 50-годишен пациент, исто така, вработен во „Македонски шуми“.

Уште еден од повредените во пожарот се бори за живот и е во исклучително тешка општа состојба. На Клиниката синоќа беа хоспитализирани петмина повредени.

Повреденото дете со 40 отсто изгорена површина од втор и трет степен се наоѓа во стабилна општа состојба, не е витално загрозено и кон крајот на денот или изутрина ќе биде префрлено на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија.

Во Струмичката болница се хоспитализирани 10 пациенти со изгореници од кои седум деца и тројца возрасни. Тие се со стабилни витални параметри и се вон животна опасност.

Пожарот избувна вчера напладне во местото Чамчифлик, зафати борова шума и смрека на околу 100 хектари, по што се прошири кон градот, но беше изгаснат од дождот во 19 часот и 30 минути.

Според првичните сознанија на Центарот за управување со кризи, причина за пожарот кај Струмица е човечки фактор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...