24-годишна струмичанка одговорна за пожарите!

24-годишната струмичанка Е.М. е одговорна за пожарите во Струмица во кои две лица загинаа, а уште 14 се повредени.

Против истата ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност.

- Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч,млк“ над Струмица, информираат од СВР Струмица.

Со изгореници се здобиле 14 лица при превземање на мерки за гаснење на пожарот, на околу 200-300 метри од завршетокот ул.„Крушевска Република“ на шумска патека во правец на место викано „Двата пата“.

Денеска во Струмица е Ден на жалост, а на гробиштата во струмичкото планинско село Рич, ќе бидат погребани телата на Блажо (50) и Пено (46) Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми”-шумско стопанство „Беласица”, кои настрадаа во гаснењето на пожарот во понеделникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...