Локализиран пожарот кај регионалниот пат Струмица-Валандово

Локалниот ветер е главната причина за повторното распламтување на пожарот што од вчера гори на локацијата меѓу „Двата пата“ и „Гогова чешма“ кај регионалниот пат Струмица-Валандово.

По интервенцијата на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување пожарот е локализиран во 10:15 часот, а екипите на струмичката противпожарна единица, на ЈП „Македонски шуми“ и на ЈП „Комуналец“ и понатаму се на терен и будно ја следат состојбата на теренот.

Според командирот на струмичката противпожарна единица Мијалчо Крстев, силниот ветер утринава ги распламтил неколкуте жаришта, кои до вчера беа држени под контрола и повторно се закануваше да предизвика поголеми материјални штети.

- Побаравме повторна интервенција од Дирекцијата за заштита и спасување и двата авиона во повеќе налети од 8 до 10 часот ја угаснаа огнената стихија, изјави командирот Крстев.

По пожарот кој во понеделникот попладне изби над првите куќи од улицата „Бошко Буха“, изминатите денови струмичките пожарникари и работниците од јавните претпријатија „Македонски шуми“ и „Комуналец“ се во постојано 24-часовно дежурство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...