Топлотен бран од жолта фаза, портокалова во јужниот регион

Скопје, 6 август 2012 (МИА) - Во јужниот регион (Штип, Струмица, Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Радовиш и Демир Капија) денеска се очекуваат температури кои ја дефинираат портокаловата фаза, односно втора фаза на топлотен бран, каде постои опасност по здравјето на луѓето од многу топлото време. Другите региони од државата и натаму ќе бидат зафатени со топлотен бран од прва, односно жолта фаза.

Високите температури со висок УВ индекс, ќе се задржат до среда по што од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат нивно намалување, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од УХМР.

Комисијата при Министерството за здравство, како што се наведува, постојано ја следи состојбата со ризиците по здравјето од надворешните високи температури, во соработка со останатите надлежни институции и се грижи околу синхронизација на активностите. Сите здравствени установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.

Остануваат и понатаму да важат превентивни мерки за спречување на штетните ефекти по ризикот на здравјето од надворешните високи температури, вклучително и препораките за регионот зафатен со портокалова фаза, како што се - ослободување на работните обврски на најранливите групи на населението (бремените жени, старите лица над 60 години), избегнување на работа на отворено во најтоплиот ден од денот и прилагодување на работното време каде не се нарушува производствениот процес во контекст на заштита на здравјето на луѓето.

За сите останати региони, остануваат да важат општите препораки за населението, во однос заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

По потреба и на дневна основа, Комисијата ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Од Комисијата потсетуваат и на мобилните едукативно-здравствени пунктови, поставени од Министерството за здравство и Здравствен Дом-Скопје. На територијата на град Скопје се поставени три мобилни пунктови, од кои еден се наоѓа на пешачката патека кај реката Вардар и по два мобилни пункта се распоредени во сите скопски општини.

Акцијата ќе трае до 15. август при што секој ден, во периодот од 18:30 до 21:30 часот граѓаните имаат можност да измерат крвен притисок и да добијат здравствен совет од медицинските лица на овие пунктови.

Во изминатите три недели над 12.000 граѓани имале можност да добијат стручен совет за здрави животни стилови, здрава исхрана, превенција од заразни заболувања, превентивно откривање ризик фактори, мерење крвен притисок, од кои над шест илјади лица во Скопје, а интересот од граѓаните е голем и во останатите градови, како што се Струмица, Велес, Штип, Кочани Неготино и други, каде голем број граѓани, секојдневно имаат можност да добијат совет за здрави животни стилови и за заштита од топлотните бранови и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...