Во Македонија денеска 43 степени и УВ индекс 9

Скопје, 7 август 2012 (МИА) - Македонија, според најавите на синоптичарите, денеска влегува во т.н. портокалова фаза со температури до 43 степен и УВ индекс 9.

Комисијата на Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.

Исто така, согласно Акцискиот план за заштита на населението од високите температури, се препорачува ослободување на работните обврски на најранливите групи на населението - бремените жени и на лицата над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.

Единиците на локална самоуправа, Црвен крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потестуваат работодавците на  обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Министерството за здравство соопшти дека сите здравствени установи се подготвени и имаат доволен број капацитети и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. По потреба и на дневна основа, Комисијата ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.

Граѓаните на Скопје и во повеќе градови низ државата, потсетува Министерството за здравството, имаат можност да добијат здравствен совет  во однос на почитување на препораките за заштита од високи температури и информации од превентивен карактер на мобилните едукативно-здравствени пунктови, поставени од Министерството и здравствените домови.

На територијата на град Скопје се поставени три мобилни пунктови, од кои еден се наоѓа на пешачкиот мост-Центар покрај кејот на Вардар и по два мобилни пункта се распоредени во сите скопски општини. Акцијата ќе трае до 15. август, при што секој ден, во периодот од 19:00 до 22:00 часот граѓаните имаат можност да измерат крвен притисок и да добијат здравствен совет од медицинските лица на овие пунктови.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната http://www.toplotnibranovi.mk/.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...