Пет активни пожари во Македонија

Скопје, 8 август 2012 (МИА) - На територијата на Македонија активни се пет пожари, а локализирани се пожарите над охридското село Октиси и во атарот на скопското село Света Петка.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот во месноста Биљак во атарот на селото Танушевци е сеуште активен, но со намален интензитет. Зафатена е  ниска трева, а утрово е испратена екипа од шумското стопанство за гасење на пожарот.

Активен е и пожарот во атарот на селото Радуша и за негово гаснење утрово е испратена екипа од три пожарникари и едно противпожарно возило.

Се уште гори и кај селото Гургурница. Запалена е сува трева во месноста Локва, но постои опасност да биде зафатена и борова шума. 

Активен е пожарот источно од селото Казандол кој вчера се прошири на повеќе правци, а беше загрозено и селото Фурка, но опасноста е надмината благодарение на интервенцијата на противпожарните екипи од Вландово, Гевгелија, Дојран, Богданци, шумското стопанство „Саланџак“ и интервенцијата од воздух, како и 100-те луѓе од селото. Со пожарот е зафатена површина од 300 хектари мешана шума (даб, габер, смрека, прнар), а во текот на ноќта на терен останале 15 вработени од Шумското стопанство „Саланџак“. 

Синоќа избувнал пожар и меѓу Гевгелија и Прдејци, кој сеуште е активен. Гори сува трева и нискостеблеста шума во близина на пругата во должина од 10 – 15 км. На овој пожар интервенирале противпожарни екипи од Гевгелија, а за време на интервенцијата, железничкиот сообраќај во тој регион бил прекинат.

Пожарите над селото Октиси и во атарот на селото Света Петка се локализирани. Кај селото Октиси била Зафатена површина од 10 хектари сува трева на карпест непристапен терен, додека со пожарот кај селото Света Петка горела сува трева и грмушки на површина од околу 40.000 м2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...