Шест активни пожари во Македонија

Скопје, 9 август 2012 (МИА) - На територијата на Македонија активни се шест пожари во Скопско, Тетовско и Кумановско.

Во атарот на скопското село Кучково во општина Ѓорче Петров синоќа изби пожар на кој до полноќните часови интервенираше Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и претставници од локалната самоуправа. Од утрово се мобилизраат околу 50 лица  на Дирекцијата за заштита и спасување за да излезат на терен.

Активни се пожарите кај селата Радуша и Рашче каде од  утринските часови интервенираат три пожарникари со едно возило.

Се уште е активен и пожарот во атарот на селото Гургурница. Центарот за управување со кризи информира дека интервенцијата за гаснење ќе продолжи во текот на денешниот ден.

Пожар има и над селото Копанце каде гори нискостеблеста шума и сува трева. Пожарот е префлен од скопско Бојане и на него во текот на денешниот ден ќе интервенираат екипи на шумското стопанство „Лешица“.

Активен пожар има и во селото Пресница, општина Липково. Зафатена е дабова шума, бука и габер. Во гаснењето учествуваат четири лица од Шумското стопанство „Куманово“ и 15 лица од месното население. Пожарот се наоѓа на доста непристапен терен, па поради тоа е отежнато гаснењето. Досега се зафатени околу четири хектари површина.

Под контрола е ставен пожарот во атарот на селото Танушевци. Зафатена е букова шума и сува трева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...