Рамковниот е најважна инвестиција за мирот

Скопје, 13 август 2012 (МИА) - Охридскиот договор беше и останува најважна инвестиција за мирот и стабилноста на нашата држава, инвестиција која не само што доведе до прекин на конфликтот, туку ги изгради и темелите на едно ново општество и подобра иднина за сите што живеат во Република Македонија, изјави вечерва вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери на свеченоста по повод единаесетгодишнината од потпишувањето договорот.

- Компромисот постигнат пред 11 години е основа на соживотот, гаранцијата и напредокот на нашето општество. Затоа суштинскиот показател дека Охридскиот договор ја исполнил својата главна цел е зачленувањето на државата во НАТО и ЕУ. Испраќаме порака до сите фактори, како домашни така и меѓународни за едно соединето партнерство во правец на исполнување на оваа цел, истакна Џафери.  

Заедничка констатација е, смета тој, дека Охридскиот договор е повеќе од договор и документ. Во суштина тој, според Џафери, е  процес кој започна после 2001 година и кој трае и ќе продолжи да егзистира и понатаму. - Тоа е процес на демократизација на општеството во Република Македонија, демократизацијата како основна вредност на развиените земји и како предуслов за продолжување на евроинтегративните процеси во Република Македонија. Токму поради ова овој процес не е завршен бидејќи демократизацијата на општеството нема граници, рече вицепремиерот.   

Охридски договор е договор за иднината на Република Македонија, кој според Џафери, во својата суштина ја елиминира дискриминацијата, употребата на насилство и етничка и територијална поделба и истовремено ги промовира највисоките меѓународни вредности - толеранцијата, соживотот и рамноправноста помеѓу различните етнички заедници.  Големината на Охридскиот договор, истакна тој, е во врвниот приоритет: гаранции и заштита на етничкиот идентитет односно заштита на интересите на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност.

- Единаесет години по ред Македонија беше и останува определена кон спроведувањето на договорот со безрезервна помош и поддршка од меѓународната заедница. Овој договор го смени пристапот на сите релевантни фактори кон општествените предизвици - сега веќе децентрализацијата на власта, промоцијата и меѓусебното почитување на културата, идентитетот и традицијата на различните етнички заедници во Република Македонија, правичната и соодветната застапеност на етничките заедници во институциите се најважните столбови на новото општество на Република Македонија, истакна вицепремиерот. 

На свечениот прием во Музејот на современа уметност присуствуваа заменик-претседателот на Владата за економски прашања Владимир Пешевски, вицепремиерот за евроинтеграции Теута Арифи, министрите за одбрана, за правда, за надворешни работи и за здравство, Фатмир Бесими, Блерим Беџети, Никола Попоски и Никола Тодоров, актуелни и поранешни пратеници, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, претседателот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети и други членови на партијата, како и претставници на дипломатскиот кор и невладиниот сектор.

Рамковниот договор, со кој се стави крај на конфликтот во Македонија, беше потпишан на 13 август 2001 година во тогашната претседателска резиденција на Водно од страна на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љупчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и претседателот на ДПА Арбен Џафери. Потписници на договорот, во својство на гаранти, се и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...