Офицери на АРМ се поклонија на споменик на УЧК

Скопје, 14 август 2012 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека не се согласува со вчерашниот чин на положување цвеќе на споменик на УЧК, во присуство на униформирани лица од македонската одбрана.

- Таквиот чин воопшто не ги одразува политиките и политичките ставови на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите настани никако не водат кон зголемување на довербата помеѓу граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението.

Владата не донела одлука ниту испратила делегација во Слупчане

Одлуките за одбележување на некој настан со присуство на официјална делегација на Владата и составот на самата делегација ги носи Владата со заклучок. Владата нема донесено одлука за официјално одбележување на настанот кој се случи вчера во Слупчане ниту пак има испратено владина делегација на таков настан.

Ова за МИА го истакнуваат од владината прес-служба во врска со вчерашното положување цвеќе на споменик на УЧК во Слупчане на кој присуствуваше и министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Од настанот се оградија и ГШ на АРМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на Министерството за одбрана за настанот за Слупчане

Положувањето венец  од страна на министерот за одбрана и припадници на АРМ на споменик на припадниците на ОНА претставува придонес кон процесот на помирување кој е неопходен за Република Македонија и за нејзините граѓани, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана во врска со вчерашниот настан во Слупчане.

Потегот, се подвлекува, е политичка одлука со која воедно целосно е испочитуван Законот  за одбрана на Република Македонија и не е прекршена ниту една законска одредба.

- За некои можеби  беше спорно и поклонувањето на министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001 година, но тој се одлучи да одаде почит бидејќи тоа е негова должност како министер за одбрана на Република Македонија и верува дека помирување и задничкиот живот  се единствената  иднина за сите граѓани на Република Македонија, стои во реакцијата од МО.

Ваквите помирувања, се посочува во реакцијата, се познати во историјата на земјите од Европската унија и  преставуваат придонес  кон градењето на мирот преку почитување и градење на меѓусебна доверба, како на пример Германија и Франција, Велика Британија и други земји членки на ЕУ, НАТО и во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...