Џафери со молчење против законот за бранителите

Скопје, 14 септември 2012 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери, својата повеќечасовна дискусија на седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика започната пред неколку дена, денеска ја продолжи со молчење на говорницата.

По добивањето збор од претседателката на Комисијата Цветанка Иванова, Џафери започна со молчење. Тој изјави дека доколку некој го прекине, добива право на уште еден час молчење.

Иванова вели дека пратеникот има вакво право, но потенцира дека Џафери треба коректно и сериозно да се однесува кон Комисијата.

Џафери обидувајќи се да го блокира носењето на законот за бранителите пред неколку дена на седницата на оваа Комисија држеше говор осум и пол часа, прераскажувајќи ги Уставот и Рамковниот договор.

Во Деловникот нема одредба која дозволува или забранува како пратеникот да ја искористи својата дискусија - со зборување или молчење. Седницата на Комисијата за труд и социјала, како што најави претседателката Цветанка Иванова, ќе продолжи и утре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...